Quantcast
Channel: Сител Телевизија
Viewing all 45575 articles
Browse latest View live

Амбасадарот на Швајцарија при ОЕЦД уапсен во Париз поради возење во пијана состојба

$
0
0

Апсењето на амбасадарот на Швајцарија при ОЕЦД во Париз наликува на американските полициски серии, откако тој претходно одби да застане на полициската контрола.

Во ноќта меѓу неделата и понеделникот, околу полноќ, париската полиција спроведуваше контрола на брзината на автомобилите во центарот на Париз. Ненадајно пред нив се појавил Мерцедес со дипломатски регистрации кој возел брзо.

Полицијата сакала да го запре, но шоферот на автомобилот одбил да застане. Полицијата започнува да го гони и успева да го запре неколку улици подалеку, кога шоферот на мерцедесот се обидел да ги прегази полицајците, од кои еден од нив стрела во гумите на возилото за да го запре.

Откако беше сопрено возилото, шоферот го дава својот идентите и се повикува на својот дипломатски имунитет, но со себе не ги носи потребните документи за да го потврди тоа што го вели. Тој е подложен на алкохолен тест, кој потврдува дека возел во пијана состојба. Откако е однесен во блиската полициска станица, амбасадата на Швајцарија и Министерството за надворешни работи потврдуваат дека тој е дипломат по што е ослободен. Засега француското обвинителство нема донесено одлука дали ќе бара подигање на имунитетот на амбасадарот.

Во Берн, како што пренесоа француските медиуми постои подготвеност да му се подигни имунитетот, ако тоа биде побарано од француското судство Притоа од Берн се дополнува дека нивниот амбасадор соработува со француското судство за да се дознае вистината.


Албанија ги заостри казните за убиство и крвна одмазда

$
0
0

Албанската Влада воведе денеска построги казни за извршителите на убиството и други тешки злосторства во настојување да ја сузбие крвната одмазда, насилството и широко распространетото илегално поседување оружје.

Албанскиот министер за правда Едуард Халими ги обелодени денеска тие нови прописи, во согласност со кои минималната казна за убиство е зголемена од 25, на 38 години затвор, а за илегално поседување оружје од седум, на 15 години затвор, во двата случаи без право на поднесување барања за издржување условна казна.

Насилството во кое дошло до сериозни повреди носи казна од 20 години до доживотен затвор, во споредба со сегашната казна од пет години затвор.

Албанскиот Парламент го одобри заострувањето на казните во мај.

Високата стапка на криминалитет во Албанија претставува голема загриженост пред општите избори на 23 јуни, за што често се обвинува широко распространето поседување оружје, со што придонесе за народниот бунт во 1997 година кога се ограбени продавниците за оружје.

Рапиден раст на азиланти од Албанија во земјите на ЕУ

$
0
0

Рапиден раст на баратели на азил од Албанија во Шенген зоната на Европската унија забележан е на крајот од минатата и почетокот на оваа година, јави дописникот на МИА од Тирана.

Последниот извештај на Европската комисија за слободното движење внатре во Унијата потврдува дека за разлика од другите земји на западен Балкан, каде е регистрирано видно намалување на барателите на азил, Албанија бележи драстичен раст.

Во Извештајот стои дека дури за 74 отсто е зголемен бројот на барателите на азил на државјани од Албанија во земјите на ЕУ, главно во Германија, Шведска, Белгија, Швајцарија и Луксембург.

Извештајот го опфаќа периодот од 31 декември 2012 до трети февруари 2013 година. Раст забележан е и кај барателите на азил државјани на Босна и Херцеговина за 51 отсто, додека Македонија, Србија и Црна Гора ваквите случаи бележат значителен пад.

Медведев: Понатамошното ширење на НАТО ќе ја принуди Русија да одговори

$
0
0

Понатамошното ширење на НАТО во Шведска и во Финска ќе ја наруши рамнотежата на моќта и ќе ја принуди Русија да одговори, предупреди денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев.

- Новите членки (на Алијансата) во близина на нашата граница ќе го смени односот на сили и ние ќе мора тоа да го земеме предвид и да одговориме. НАТО има воен потенцијал кој може да го употреби против нашата земја во одредени случаи, истакна Медведев на Самитот на лидери на Русија и нордиските земји, што се одржува во Норвешка.

Шведска, Австрија, Финска, Ирска и Малта се земји-членки на Европската унија кои не се членки на Северноатлантската алијанса. Шведска, која традиционално е неутрална, остана надвор од НАТО од солидарност со соседна Финска, која не сакаше членство во Алијансата за да не се спротистави на Русија.

Наводите за ширењето на НАТО се појавија во текот на годината откако Шведска предупреди дека нејзините одбранбени способности се загрижувачки ограничени откако руски воени авиони во април беа во близина на нејзината граница.

Иванов на најдобрите 10 дипломирани студенти им го додели признанието „Инженерски прстен 2013“

$
0
0

Традиционално по 10. пат претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на најдобрите 10 дипломирани студенти на инженерските факултети вечерва во дворот на Св.Климентовиот храм - Св. Пантелејмон на Плаошник им го додели признанието „Инженерски прстен 2013“.

- Живееме во време со големи предизвици и очекуваме од овие млади луѓе да нудат решенија, да градат, да создаваат, затоа што има многу за градење и многу за создавање. Им посакувам ова да им биде клуч кој ќе им ги отвора вратите кои ќе се појавуваат во нивната професија и нивниот живот. Прстенот е и признание за сиот нивен вложен труд во стекнување знаење и вештини. Меѓутоа ова е и признание за нивните професори што успеале да им го дадат сето она што знаат и умеат, но признание и за нивните родители кои секако влијаеле да се определат да го посветат својот живот на овие професии, рече Иванов во обраќањето пред присутните.

Манифестацијата, нагласи шефот на државата, симболично се одржува на просторот каде пред 12 века е создадено она што го знаеме како прв Сесловенски Универзитет, каде се добивало и пренесувало знаењето.

-  Симболиката е голема затоа што денеска ќе дадеме прстен кој се доделува на оној, кој станува самостоен или кој е мајстор во струките и сам одговара за своите постапки. Затоа секојпат инженер е оној, кој создава, кој гради. Инженер секојпат е оној, кој е конструктивен, иновативен, односно оној кој нуди решенија, подвлече Иванов.

Посакувајќи им успеси на наградените инженери, претседателот рече дека овие успешни луѓе го носат и успехот во Македонија.

- Затоа им посакувам во нивниот живот, нивната професија уште многу успеси и ова нека биде почеток на една нивна голема градителска акција во кои ќе се изградуваат тие, и ќе ја изградуваат својата околина и својата држава, додаде Иванов.

Ваквото признание, за добитничката на инженерски прстен Дана Ужеска, е мотив за поголеми успеси.

- Голема е честа да се биде добитник на едно вакво признание, но уште поголемо е задоволството кога вложениот труд ќе биде награден како што доликува и не останува заборавен. Ваквото признание е мотив за секој од нас да се стреми кон поголеми успеси постојано надградувајќи ги постоечките, рече Ужеска во име на наградените инженери.

Инженерите, според претседателот на Инженерската институција на Македонија, Александар Димитров,  се тие што ги креираат технолошките процеси, дизајнираат, проектираат и градат.

- Тие се дел од секоја иновација и претставуваат основна моторна сила неопходна за развој на секоја земја, како во индустриски, економски, така и во социјален проблем, рече Димитров.

Манифестација „Инженерски прстен“ се одржува по 10. пат, под покровителство на претседателот на Република Македонија, Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Таа претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.

НБА финале: Мајами – Сан Антонио

$
0
0

Од четврток стартува финалната серија за шампион во НБА лигата. Шампионот Мајами ќе игра против предизвикувачот Сан Антонио. Двете екипи заедно имаат освоено шест титули во НБА лигата, Мајами две (2006 и 2012) и Сан Антонио (1999, 2003, 2005, 2007).
 
 
За Мајами ова е четврто финале и само на финалните натпревари има биланс 10-7 (победи-порази). 
Сан Антонио ќе го игра своето петто финале, а досега има максимален учинок четири титули и 16-6 (победи-порази).
Во регуларниот дел од сезоната Мајами имаше биланс 66-16, а Сан Антонио 58-24, додека двата меѓусебни дуела сезонава му припаднаа на Мајами.
На патот до финалето Мајами ги совлада: Милвоки 4:0; Чикаго 4:1 и Индијана 4:3.
На патот до финалето Сан Антонио ги ссовлада: Лос Анџелес Лејкерс 4:0; Голден Стејт 4:2 и Мемфис 4:0.
Финалната серија се игра 2-3-2, првите два натпревара на теренот на Мајами, следните три во Сан Антонио и евентуално пак два во Мајами.
 

САД: Седуммина повредени во експлозија на гас

$
0
0

Во експлозија на гас на Универзитетот во градот Најак, околу 50 километри северно од Њујорк, повредени се седум лица.

Меѓу повредените еден е студент, а другите се работници, но никој од повредените не е во животна опасност.

Експлозијта предизвикала голема штета на двокатната зграда во факултетскиот кампус. 

Во Бразил разбиена мрежа за шверц на кокаин

$
0
0

Бразилската полиција разби меѓународна мрежа за илегална трговија со дрога, која речиси две години во Европа шверцувала кокаин, скриен во гајби со смрзната риба.

Во акцијата уапсении се еден Колумбиец, двајца Португалци, три Шпанци и петмина Бразилци во Португалија, во Швајцарија и во Бразил.

Дрогата потекнувала од Колумбија и Боливија, а запленет е кокаин во вредност од пет милиони долари.

Во фабриката за пакување на риби во јужниот дел на Бразил дрогата била криена во вреќите за мраз наменети за пакување на риби, кои се транспортирале за Португалија


ФОТО: Прегазен човек половина час лежи пред Градска болница во Скопје

$
0
0

Прегазен човек речи си половина час лежел на раскрсницата пред Градска болница спроти Зелениот пазар во центарот на Скопје. 

Како што тврдат очевидци, човекот беспомошно чекал Брза Помош повеќе од половина час иако болницата е на само 20 метри од него. 
 
За среќа, човекот ја преживеал несреќата во која бил прегазен од таксист. 
За случајот се уште немаме официјална потврда од МВР.

Познат составот на кошаркарките за Израел

$
0
0

Женската кошаркарска репрезентација од петок до недела ќе учествува на претквалификациите за ЕП 2015 година што ќе се одржат во Рамла, Израел. Во Д групата покрај Македонија, ќе играат селекциите на Германија, Португалија и Израел.
 
По неколку дневните подготовки селекторот Горан Јованович се реши за следниве кошаркарки да го носат дресот на Македонија: Моника Гаврилоска, Славица Димовска, Елена Раденковиќ, Криси Гивенс, Александра Иванова, Софија Лазареска, Драгана Јоловиќ, Ива Крстевска, Ивона Пејковска, Ана Тантуровска, Ивана Удовалиева и Анџелика Митрашиновиќ.
Поради повреди откажаа: Јелена Антиќ, Едина Муса и Ема Решкоска, а поради школски обврски (полагање матура) не може да настапат: Александра Стојановска, Ивана Кметовска и Нена Трајчевска.
Македонија во петок ќе игра против Португалија, во сабота противник ни е домаќинот Израел, а во недела фаворитот во групата Германија.
Кошаркарките утре рано наутро патуваат за Израел.
 

Фантастични креации на учениците од Отпад тренд фешн 2013

Утре променливо облачно со сончеви и дождливи периоди

$
0
0

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните и северните делови, локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните и северните делови, локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе достигне до 26 степени.

„Вашингтон пост“ ќе наплаќа за електронското издание

$
0
0

Американскиот весник „Вашингтон пост“ денеска објави дека ќе наплаќа за електронското издание од 9,99 до 14,99 долари месечно.

Претплатниците на печатеното издание на „Вашингтон пост“ стануваат и претплатници на електронското издание.

Посетителите на интернет-страницата на „Вашингтон пост“ ќе можат да читаа дваесетина статии или други содржини месечно.

Новиот систем на наплата ќе почне по неколку недели.

„Вашингтон пост“ е еден од последните големи американски дневни весници, чие електронско издание е целосно бесплатно.

Приходите на американската медиумска куќа „Вашингтон пост“ во првите три месеци од годината се намалени за 85 проценти во споредба со минатата година поради намалената продажба и реклами.

Германската Влада против двојно државјанство за имигрантите

$
0
0

Коалициската Влада на германската канцеларка Ангела Меркел го блокираше денеска предлогот за одобрување на двојно државјанство за стотици илјади имигранти, наспроти тоа што настојува да привлече образовани и обучени странци за да го ублажи недостигот на работна сила.

Левоориентираната опозиција ја обвини коалициската Влада дека „се држи до застарени сфаќања и оти има антитурски став кој е на работ на расизмот“.

Предложениот закон би имал најголемо влијание врз жителите на Германија од турско потекло.

Конзервативците во германскиот Парламент сметаат дека од клучно значење е намалувањето на пречките за работа на имигрантите во Германија и нивно ефикасно интегрирање, додека давањето двојно државјанство, како што тие тврдат, би можело да доведе до формирање паралелни општества и да и овозможи на Турција политичко влијание во Германија.

Германија сега не дозволува никому постојано да поседува две државјанства, иако постојат исклучоци, како што се жителите на други членки на ЕУ и на Швајцарија.

Децата на имигрантите кои се родени во Германија можат да ги задржат двете државјанства - и германско и она на нивните родители - се додека не наполнат 18 години кога мора да се определат за едно од тие два.

ВИДЕО: Рекламата на Памела Андерсон која е забранета за емитување

$
0
0

Најновата реклама во која учествува Памела Андерсон за  CrazyDomains.co.uk е оценета како сексистичка и деградирачка за жените. Поради тоа, истата веќе нема да се прикажува на телевизија.

Сепак, вие можете да ја видите тука и да одлучите дали ваквата забрана е оправдана или не.


Иран итно треба да воспостави соработка МААЕ

$
0
0

Шестте светски сили, вклучени во преговорите со Иран за спорната нуклеарна програма, денеска соопштија дека е исклучително важно Иран итно да воспостави соработка со агенцијата на Обединетите нации за атомска енергија.

САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија нагласија дека се „длабоко загрижени“ бидејќи Иран продолжува да ја шири својата нуклеарна активност и покрај резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

По десет неуспешни состаноци на претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Иран во изминатите 18 месеци, „од суштинска е важност Иран да почне да соработува за суштинските прашања кои предизвикуваат загриженост“, наведуваат претставниците на шестте сили.

Тоа подразбира Иран да овозможи пристап до воената база Парчин, во близина на Техеран, каде се претпоставува дека се спроведуваат истражувања за производство на нуклеарно оружје.

Мажи, не гледајте порно филмови, може да ви се случи ова!

$
0
0

Рамадан од Египет, собрал храброст прв пат да погледне еден порно филм и доживеал вистински шок. Тој, откако отишол до еден интернет клуб, пуштил филм за возрасни и бил запрепастен. Во филмот со ознака XXX ја видел својата сопствена жена во 'акција'.

-Прв пат пуштив да гледам порно филм и најдов дури 11 филмови кои ги снимила мојата сопруга со својот љубовник - признал несреќниот човек во изјавите за локалните весници.
 
Рамадан се онесвестил во интернет клубот, а откако се освестил, со трчање стигнал до дома. Меѓутоа, неговата сопруга одлучно тврдела дека не е она на снимката и презела контранапад, обвинувајќи го Рамадан за гледањето на такви филмови.
 
Меѓутоа, по жестоката расправа, сопругата сепак признала и додала дека никогаш во бракот кој траел 16 години не го сакала својот сопруг, кому му родила четири деца. Му нашла замерка и дека е стар, и дека младиот љубовник одлично и одговарал.

ВИДЕО: Танц на мали дечиња кој ќе ве воодушеви!

Нема договор ФИБА Европа и УЛЕБ

$
0
0

Двете кошаркарски организации ФИБА Европа и УЛЕБ не се договорија за еврокуповите за следната сезона и најверојатно ќе продолжат да се играат трите клупски натпреварувања. УЛЕБ има контрола над Евролигата и Еврокупот, а ФИБА Европа над Еврочелинџ.
Беше најавувано дека Еврочелинџ ќе се укине, а Еврокупот да има поголем број учесници, но до договор на првите луѓе на двете организации не дошло.
За следната сезона останува Евролигата со 24 клубови и Еврокупот со 48 клубови. Не е позната бројката за Еврочелинџ купот, како и тоа налик на фудбалските купови, екипите кои нема да се пласираат во вториот круг од Евролигата да продолжат во Еврокупот. 
Доколку се постигнеше договор меѓу двете организации постоеја шанси МЗТ Скопје со евентуално проширување на Еврокупот да добие право за настап.
 

ВИДЕО: Ова е најновата Youtube сензација - Момчето кое ќе му ја зеде славата на Екрем

$
0
0

Дени или (D4NNY) а е најновата сензација на Youtube кој се појави со песната Goodbye и само за неколку дена има над 350.000 прегледи. Во песната се збогува со сите луѓе кои ги знае и не ги знае. Оваа комбинација на музика и филмска уметност го одзема здивот досега на многумина кои го погледнаа видеото а најверојатно ќе го одземе и вашиот. Се појави само пред неколку дена а веќе ги има заштитено и своите авторски права.  Ова е една од најретките сличности со Екрем по што неговата слава најверојатно ќе биде превземена.

Viewing all 45575 articles
Browse latest View live




Latest Images