Quantcast
Channel: Сител Телевизија
Viewing all 45575 articles
Browse latest View live

Почина еден од најстарите и најпознатите пејачи во Југославија

$
0
0

Српскиот пејач на народна музика, Томислав Бајиќ, почина вчера во семејната куќа во Белград. Тој стана познат по дуетот со братот Андрија, и беше еден од омилените пејачи во поранешна Југославија.

Во средината на 70-тите неговите плочи биле најбарани.

Тој ќе биде погребан во сабота.


Бачев бара Шилегов да урне и џамија-дивоградба за која има решение во фиока

$
0
0
Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

Заев на средба со земјоделците од општина Конче

$
0
0

Поддршката на земјоделците е еден од главните приоритети на владата порача премиерот Зоран Заев од трибината со тутунопроизводителите од Конче. За време на денешната средба на која присуствуваше и министерот за земјоделие Љупчо Николовски, земјоделците беа запознаени со сите мерки и активности кои владата ги презема со цел подобрување на нивната положба. Премиерот Заев ги информираше тутунопроизводителите и за планираното зголемување на субвенциите на тутунот  кое се надева дека ќе придонесе и за поголем квалитет на производството , а со тоа и поголем приход за семејствата кои се занимаваат со оваа дејност.

Министерот Николовски најави дека од сега земјоделците субвенциите  ќе ги добиваат тогаш кога им се најпотребни, односно  пред почетокот на производствената сезона.

Заев го изрази задоволството од големиот интерес што земјоделците го покажале за оваа средба и можноста на директен начин да се разговара со нив. Од Конче тој упати апел и до сите минситри  во владата и директорите на институциите да ја користат секоја прилика да бидат што поблиску до граѓаните и преку директни и непосредни контакти да се разговара, но и да се најде решение за сите проблеми со кои тие се соочуваат.

 

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Новинар: 

Кратово во ист ден ги одбележа патрониот празник ,,св. Ѓорѓија Кратовски‘‘ и Тодорица

$
0
0

Кратово денес го слави свети Ѓорѓи Кратовски, постојаниот молитвеник на кратовчани пред Бога, кој низ личен пример покажа како се чува и се сведочи верата. Причина плус за голема прослава во Кратово е поклопувањето на уште еден голем празник за кратовчани, Тодорова сабота, која отсекогаш привлекувала многу гости во градот на Кулите и мостовите. Празнувањето започна во утринските часови со богослужба во црквата која го носи името на маченикот

Ѓорѓи и воедно заштитник на златарскиот еснаф. Со литургијата чиноначалствуваше владиката Јосиф.  Прославата продолжи на градскиот плоштад „Павел Шатев“,  каде имаше богата културно-уметничка програма.

Животот на светецот траеше кратко, но споменот за него ќе трае вечно, порачаа неговите сограѓани, одбележувајќи 503 години од неговата маченичка смрт.

 

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

Бора Чорба од болница: Имам една добра и една лоша вест

$
0
0

Бора Ѓорѓевиќ , фронтменот на Рибља Чорба е во болница . Тој на фановите им се обрати преку социјалните мрежи 

Тој објави дека нема да може да го одржи концертот закажан за утре во Крагујевац. Вели дека е сериозно повреден и е хоспитализиран .

На своите обожаватели им порача дека има една добра и една лоша вест.

Лошата вест е дека го откажува концертот во Крагујевац, бидејќи се повредил и скршил ребра. Добрата вест, вели Бора, е дека кога ќе се опорави ќе го одржи концертот на кој ќе биде подобар од било кога. 

Што ќе се случи ако изедете мувлосан леб?

$
0
0

Не секоја мувла е иста, а дали е нешто за јадење или не, зависи од бојата, како и од продуктот на која се наоѓа.

За разлика од расипана храна, таа не мириса, туку стои на врвот, со што не одбива да јадиме, особено леб.

Меѓутоа што се случува кога ќе изедеме таков леб?

Стручњаците велат дека нема едноставен одговор, туку дека ризикот по здравјето е еднаков ист како да пиеме вода од непроверен извор.

"Мувлата сама по себе не е отровна. Посојат бројни врсти, а само некои од нив можат да бидат штетни по здравје", објаснува микробиологот Ранди Воробо од Универзитетот "Корнел".
Мувлата не ја мирисајте.

Воробо истакнува мувлата никогаш не смее да се мириса, бидејќи тоа може да предизвика болест на дишните патишта. Лебот со мала количина на бела и сина мувла може да се спаси, но бидејќи лесно може да се прошири, трба да се исече еден сантиметар под мувлата, остатокот може да се јаде.

Лебот мора да се фрели ако има портокалова, жолта или црна мувла. Тие можат да бидат штетни и од нив може да ве боли стомак.

Што можете да јадете после отстранување на мувлата

Повеќе од овошјата се сигурни откако ќе се отстрани мувлата, бидејќи нивната киселост не дозволува да се развиваат штетни бактерии. Ако овошката е многу мувлосана најдобро е да се фрели.
Сирењето е густа маса со што под површината нема доволно кислород кој дозволува мувлата да се развие. За да бидете сигурни, можете да отсечете некој сантиметар повеќе.

Мувлата од џем или ајвар може да се отстрани со лажиче, но добро е да ја отстранете мувлата некој сантиметар повеќе за да бидете сигурни дека сте ги извадиле сите пори и да можете да ја јадете.

Што да се исфрли
Меки сирења. Овошјето откако е скапано. Ковчести плодови и семки. Месо, иако не есигурно дека ќе ја снема мувлата од него.

Познат идентитетот на прегазениот пешак кај „Капитол“- ова е возачот кој избега по несреќата

$
0
0

Пешак бил прегазен денеска напладне на булеварот „Јане Сандански“ во близина на Трговскиот центар Капитол во скопската населба Аеродром.

Според полицијата, несреќата се случила во 14.40 часот, кога возач на „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во 66-годиниот пешак А.Н. од Скопје и побегнал.

Повредениот веднаш со возило на Брза Помош е префлен во Ургентен Центар, но лекарите не успеале да го го спасат.

Кратко по незгодата полициските „алфи“ го пронашле возачот на пежото, дваесет и осумгодишниот скопјанец А.Р. кој е приведен во ПС Гази Баба, а пронајдено е и возилото.

Со долга коса и брада: Братот на Нихан е непрепознатлив во реалноста

$
0
0

Братот близнак на Нихан од хит серијата Карасевда, Озан кој е лудо вљубен во Зејнеп во приватноста изгледа многу различно.

Тој има пуштено брада и долга коса и многу делува различно од што сме ние навикнати да го гледаме. Во прилог погледнете фотографии од Бариш Алпакут.


Колку плати данок на државата среќниот прилепчанец кој доби пола милион евра од обложување?

$
0
0

Обложувалниците „Моцарт“ информира дека ја исплатија најголемата премија во Европа како со-однос во висина на уплатено ливче и остварена добивка, додека во државниот буџет од оваа премија на име на персонален данок се слеаја околу 3,5 милиони денари или 57.000 евра.

Обложувалницата „Моцарт“ официјално соопшти дека прилепчанец со влог од 910 денари, добил околу 550.000 евра за погодени резултати на натпревари.

– Овој маестро уште на 23 и 24 јануари годинава ги уплатил ливчињата, а среќните броеви ги заокружил дури еден месец подоцна на 21 февруари. Големината на премијата првенствено се должи на добиените ’Моцарт бонуси’ кои среќниот Прилепчанец ги искористил со тоа што должината на ливчињата била одиграна во повеќе парови со што му припаднал бонус во висина од повеќе од 50% од вкупната премија за исплата. Сето ова може да се потврди со самиот факт што само од овие добитни ливчиња на среќниот Прилепчанец, државата наплати во својот буџет околу 3,5 милиони денари на име на персонален данок на приход – се вели во соопштението од „Моцарт“.
 

 

Во Маврово наврна над половина метар снег- еве како е на другите места

$
0
0

До 16 часот во Маврово наврнале 56 сантиметри снег, во Лазарополе 31, Пожаране 20, пет сантиметри во Тополчани два во Тетово, Штип, Претор и Битола и еден сантиметар во Скопје, Прилеп и Охрид.

Како што соопшти УХМР, најстудено е во Берово, Лазарополе, Маврово, Тополчани и Ѓуриште, каде се измерени минус 2 степени, во Скопје, Пожаране и Виница 0, во Битола и Демир Капија еден степен во Струмица и Тетово 2, Во Штип и Претор 3, Охрид 4 и 7 степени се измерени во Гевгелија.

Вечерва времето ќе биде облачно и студено со повремено пообилни врнежи од снег. На север и долж Повардарието ќе остане поизразен северозападен ветер.

За утре синоптичарите најавуваат облачно и студено време, со врнежи од снег. Врнежите ќе продолжат од преку ноќта, ќе се префрлаат кон исток и ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во југоисточните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка. Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 0, а дневната минус 3 до 2 степени.

Во Скопје исто така облачно и студено, со слаб до умерен северозападен ветер и со врнежи од снег особено претпладне. Температурата ќе биде во интервал од минус 2 до 0 степени.

Во следните денови ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови значително заладување и повремени врнежи од снег. Утре во текот на денот врнежите ќе се префрлат кон исток, каде што ќе бидат поинтензивни. Од овие врнежи  насекаде ќе се формира снежна покривка (на пониските места околу 10-15 см, а на планините покривката ќе се зголеми и за над 30 см).

Локални врнежи од снег ќе има и во вторник претежно во западните делови, а краткотраен снег е можен и во ноќта кон среда. До четврток температурите ќе бидат во опаѓање и се значително под просекот за овој период од годината.

Најстудено ќе биде в среда и четврток преку ноќта кон изутрина, кога утринската температура на места ќе се спушти и под и минус 10 степени. Од петок температурата ќе биде во пораст.

Го замоли бебето да каже „мама“, но погледнете што го направило кучето

$
0
0

Оваа мајка снимила смешен и неочекуван момент. Сакала да го нахрани своето дете, а потоа се приближило и кучето.

Мајката го замолила бебето да каже „Мама“, но наместо тоа кучето одлучило да ги покаже своите говорни вештини.

Видеото веднаш стана вирално, а погледнете и зошто…

Светот во неверување: Почина популарната актерка која носеше насмевки и радост на многумина

$
0
0

Британската актерка Ема Чемберс почина синоќа на 53-годишна возраст.

Чемберс, која беше позната по улогата во филмот „Notting Hill“, почина од природна смрт.

Нејзиниот колега, Хју Грант, на неговиот Твитер налог наведе дека Чемберс била многу духовита личност.

– Им донесе насмевки и радност на многумина. На сите многу ќе ни недостасува, напиша Грант.

ЛШ: Вардар ќе бара четвртфинале во Скопје

$
0
0
Европскиот првак загуби со 27-26 од домашниот тим на Нант откако прикажа бледо издание во нападот. Домашните тоа го искористија и во еден момент имаа предност од 8 гола. Сепак Вардар со серија од 6-1 успеа да направи притисок во финишот кога се доближи на два гола но немаше сили барем да го избегне поразот. Дибиров со 6 погодоци беше најефикасен во Вардар. Пласманот во четвртфиналето ќе мора да го бараме против Висла Плок во Скопје
Ракометарките на Вардар го доживеаја првиот пораз сезонава во лигата на шампионките  откако загубија со 24-22 во неосвоивата Мец Арена.
Мечот беше рамноправен во поголемиот дел а црвено-црните амазонки во вториот дел имаа и водство од 16-15 со погодокот на Пенезиќ но дозволија домаќинот да направи пресврт и да влезе во финишот со водство од 2 гола 22-20 кое се покажа како  решавачко за победникот. 
Фото за вовед: 
Категорија: 

ПФЛ: Цел плен само за Шкендија

$
0
0

Попладнево се одиграа уште три средби од 21. прволигашко коло. 

Единствено Шкендија успеа да освои три бода совладувајќи ја екипата на А.Пандев со 1-0. 

Во Битоа Победа беше на прагот на хаварија бидејќи гостите водеа со 2-0 и имаа пенал за 3-0.

Но потоа прилепчани го свртеа ветрот во своја корист и на крајот средбата заврши со резултат 3-3. 

Немаше победник и на Железарница каде Скопје и Ренова одиграа 1-1. 

Фото за вовед: 
Категорија: 

Сообраќајка вечерва во Скопје, автомобилите смачкани


Снегот нема да престане да вее: Уште пообилни врнежи во текот на ноќта

$
0
0

Во текот на ноќта времето ќе биде студено со пообилни врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму додаваат дека до 16 часот денеска најмногу снег наврнал во Маврово односно 56 сантиметри, 31 во Лазарополе, 20 во Пожаране, 5 во Ѓуриште и Тополчани, 2 во Тетово, Штип, Претор и Битола и по 1 сантиметар во Скопје, Прилеп и Охрид.

Во текот на утрешниот ден, врнежите ќе се префрлаат кон исток и ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во југоисточните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка.

Во Скопје утре ќе биде облачно и студено, со слаб до умерен северозападен ветер и со врнежи од снег особено претпладне. Температурата ќе биде во интервал од -2 до 0 степени.

Ќерката на Шенка Колозова повредена во сообраќајка кај надвозникот во Ѓорче Петров

$
0
0

Пред околу еден час се случила сообраќајна несреќа кај надвозникот во скопската населба Ѓорче Петров, каде што се судриле два автомобили, дознава „Фокус“.

Според првичните информации, во сообраќајката полесно повредена е ќерката на познатата актерка Шенка Колозова. Таа се наоѓа надвор од животна опасност.

Патот накај Волково е блокиран.

Информациите на „Фокус“ ги потврди и директорот на Градската болница „8 септември“, Кристијан Костов, каде што се примени двете пациентки.

– Пациентката има фрактура на петна коска и ќе си оди дома со гипс, а другата сопатничка што била со неа има потрес на мозокот и ќе биде испратена на скопската Клиника за неврохирургија – истакна доктор Костов.

Се чека потврда од Министерството за внатрешни работи.

Последна анализа: Македонија ќе ја затрупа снег! Бидете подготвени!

$
0
0

Според последните направени анализи до утре (понеделник) наутро а особено до вторник наутро целата наша држава ќе биде покриена со снежна покривка. Се очекува ГОЛЕМА КОЛИЧИНА на снег.

Очекувана количина на снег: На пониските места за време на овој снежен бран од 10 до 20 цм – на некои места преку 30 – 40 сантиметри додека на планините зголемување на снежната поркивка дури за преку 60 – 70 цм.

Последна анализа: Македонија ќе ја затрупа снег! Бидете подготвени!

$
0
0

Според последните направени анализи до утре (понеделник) наутро а особено до вторник наутро целата наша држава ќе биде покриена со снежна покривка. Се очекува ГОЛЕМА КОЛИЧИНА на снег.

Очекувана количина на снег: На пониските места за време на овој снежен бран од 10 до 20 цм – на некои места преку 30 – 40 сантиметри додека на планините зголемување на снежната поркивка дури за преку 60 – 70 цм.

Болни дечиња од штипско со армиски возила пренесени во болница

$
0
0

Две болни дечиња на возраст од шест и осум години од штипското село Почивало со возила на АРМ попладнево се однесени во општата болница во Штип.

Како што објави АРМ на својот фејсбук профил, поради снежните врнежи единствено само со армиските возила било возможно да се дојде до селото и да им се помогне на дечињата да бидат пренесени во болница.

Припадниците на АРМ интервенирале со три возила, оклопен транспортер, хермелин и хамер, откако општинската Дирекција за заштита и спасување не успеала да се пробие.

Viewing all 45575 articles
Browse latest View live




Latest Images

МУРТИ И КУРТИ

МУРТИ И КУРТИ