Quantcast
Channel: Сител Телевизија
Viewing all 45565 articles
Browse latest View live

Родилката од Кичево починала поради погрешно интубирање

$
0
0

Лекарска грешка најверојатно е причината за смртта на родилката од Кичево која почина за време на царски рез во Санте Плус. Неофицијално, тоа го покажува обдукцискиот наод кој уште минатата недела бил доставен до обвинителството и до комисијата формирана од МЗ. За време на анестезијата, според неофицијалните информации, тубусот наместо во душникот и бил поставен во хранопроводникот при што 31 годишната жена починала од задушување. Воопшто немало алергиска реакција, туку, според коментари на лекари од скопските клиники, ненавремена медицинска интервенција. Министерот за здравство не сака да го коментира обдукцискиот извештај бидејќи тој е предмет на истрага.

-Анестезиологот веќе доби отказ и треба да врати и некои пари за специјализацијата. Изминатите денови направив дополнителни консултации со Институтоит за судска медицина и со членовите на Комисијата. Во однос на обдукцискиот наод не би коментирал ништо понатаму бидејќи е предаден во Обвинителство и е предмет на истрага, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Според информации на Сител, во извештајот на комисијата е наведено дека смртта настапила во приватната болница, а не во КАРИЛ каде била пренесена 31 годишната жена  со возило на Брза Помош. Овој случај е речиси идентичен со родилката Маја Кадиева која пред повеќе од две години почина во гевгелиската болница за време на царскиот рез поради погрешно интубирање за времењ на анестезијата. Засега е нејасно дали како и тогаш, министерот Филипче ќе побара Лекарската Комора времено да ги одземе лиценците на лекарите инволвирани во последниот случај.  Засега нема и барање до комората за вонреден стручен надзор.

Во меѓувреме, новороденчето се уште е на Клиниката за детски болести и според лекарите е во стабилна состојба.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

Телефоните ќе ја мерат загаденоста на воздухот - Македонски Телеком на саем во Барселона

$
0
0

Рангирањето на Скопје меѓу 5 најзагадени градови во светот , го вкучи алармот кај општествено одговорните компнаии. Со инвестициј од околу 100 илјади евра, ѓраѓаните во секој момемнт ќе знаат колкава е загаденоста  и како да се заштитат. Преку својот мобилен телефон ќе добиваат сигнал дека нивото на ПМ 10 честичките е високо и потребна е заштита.

- Најдобрата мрежа во Македонија ќе ја искористиме за доброто на општеството. Нашите базни станици ќе ги опремиме со системи за мерење на загадување за да дадеме информации за квалитетот на воздухот до сите македонски граѓани. Оваа информација ќе биде достспна преку апликација  на Македоснки Телеком. Ние работиме и на колекција на „Паметна мода“ каде што апликацијата на Телеком ќе комуницира со паметната маска и кога ќе биде зголемена загаденоста ќе има сигнал дека треба да се користи маската. Затоа најдобрата мрежа придонесува а подобар живот на луѓето во Македонија.,изјави Андаес Елснер, генерален директор наМакедонски Телеком

Паметната облека ќе се произведува од рециклиран отпад, кој ќе се добива од реката Вардар. Ќе очекува  да сенајде во продажба од септемви или октомври, кога нивото на загаденост повторно о станува  високо.  Ов аа иновација е  уште еден доказ дека потребно да се промени свеста за можностите и  одговорностите  и кај ѓраѓаните и кај компаниите, но и кај државата.

Од најголемиот телекмуникациски саем во светот, кој се одржува во Барцелона, Наташа Мерсосвка, Сител ТВ

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

Граѓаните преку пратениците мора да контролираат како се трошат нивните пари

$
0
0

Пратениците слабо го контролираат трошењето од државната каса. Надзорната улога на Собранието врз извршната власт заостанува од она што е пракса во високо развиените демократски држави. А без ефикасна контрола на Парламентот врз Буџетот не може да се зборува за вистинска парламентарна демократија. Ова го истакна претсдеателот на Собранието Талат Џафери на отворањето на Интерпарламаентарната конференција на тема Моќта на кесето односно Буџестки овластувања и процедури на Европскиот парламент. Џафери истакна дека без контрола, извршната власт станува моќна и се создаваат услови за корупција.

Европратеникот Шолтес порача дека за подобра контролна улога на Парламентот неопходно е покрај Комисијата за буџет да се воспостави и Комисија за контрола на државното кесе. Таа би ги следела ревизороските извештаи во кои се гледа оденсувањето на Владата. По што ќе даде предлози  до власта како да се подобри законската рамка и како да се намали ризикот од коруипцијата и нерегуларностите.

И додека европратениците го споделуваа искуството за тоа како  да се контролира буџетот и трошењето на нараодните пари, нашите пратеници по нивното излагање немаа прашања. Побараа пауза за да се расонат.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

Сугарески: За крупните инвестиции во иднина ќе има ФИДИК договори

$
0
0
Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

Земјоделците малку ги осигуруваат посевите

$
0
0

Се додека државата дирекно ги обештетува земјоделците погодени од природните катастрофи, тие нема да ги осигуруваат своите посеви. Според налдежните ова е главната причина за слабата продажба на овие полиси.  И покрај ланските штети  во 2017 кај земјоделското осигурување во споредба со 2016 има  пад од 10 отсто. Слабо се продаваат и полисите за осигурување од земјотрес и поплави. Ваквите продукти најчесто се купуваат кога ќе се случи катастрофата и интересот трае два до три месеци потоа.

- Освен дирекната помош од страна на државата, причната за слабата продажба е и во тоа што осигурителните дружтва ги заострија критериумите за склучување на договорите а и цената кај ова осигурување  е зголемена,  рече Климе Поповски директор на агенцијата за супервизија на осигурениците.

Според анализите  свеста кај македонците за потребата од осигурување сеуште е многу ниска. Само пет отсто од домаќинствата се осигурани. Во идина надлежните ќе работат и на поголема едукација на населението.

Минататат година раст е забележан кај здравственото осигурување. Во земјава работата 16 друштва за осигурување. Лани приходите во секторот биле зголемени за 3 проценти.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Новинар: 

Заев на инвестициски форум во Лондон: Инфраструктурата е клучна за повисок раст и подобар животен стандард

$
0
0
Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

Постојат и луѓе со големи срца: Гест на возач на ЈСП за кој сите му симнуваат капа

$
0
0

Добрите дела секогаш остануваат забележани. И не е секогаш се црно околу нас.

И да, се уште постојат луѓе кои имаат големо срце.

Еден сведок на оваа случка, напиша Фејсбук статус, каде објаснува што се случи пред некој ден во автобус на ЈСП.

Статусот е пренесен во целост:

Петок, некаде околу 17 часот, во 15ка, автобус на ЈСП…

Ќе се зачудиш ли ако шоферот излезе од автобусот откако сите патници влегле?
Некаде по булеварот, покрај една од автобуските постојки минува девојка на велосипед со корпа напред, од која паѓа ракавица. И ете, за изненадување шоферот излезе на постојката, ја зеде ракавицата и влегувајќи ко да се правдаше:

-“Ќе и ја дадам ако ја минеме некаде”.

И навистина. Ѝ ја даде. Ја мина по неколку постојки кога веќе таа кутрата сфатила дека ја нема и пребаруваше по корпата.

-“Греота е, и јас возам велосипед, знам ќе ѝ замрзнат рацете”

Да си ја наполниш душата од ваквите луѓе. Да ти е мерак да запознаеш понекогаш ко за промена некој таков.

Ракувајќи се со него го прашав за име.

Големите луѓе, се големи во срцата.

Заслужуваат да им се спушти капа.

Те поздравувам добар човеку!

За Иле Анчевски. За возачот на ЈСП.

Преживеала пекол: Роди дете на 12 години откако нејзиниот брат ја силувал, но најтешкото следувало подоцна

$
0
0

Девојката која во 2006. година родила дете, откако нејзиниот брат ја силувал и на 12 години станала најмлада мајка во Велика Британија, денес има 24 години, а во октомври минатата година повторно станала мајка.

Во моментот кога ќерката Аријана прв пат ја земала на своите гради, Треса Мидлтон имала помешани чувства: неизмерна радост, но и тага по девојчето кое морала да го даде на посвојување кога имало само две години.Фактот што нејзиниот брат ја силувал бил вистински хорор, но за неа е најтешкото искуство тоа што морала да се одвои од детето и да го даде на други.

И таа признава дека мајчинството по втор пат во исто време било и горко и слатко искуство.

-Почувствував чиста среќа во моментот кога Аријана се роди. Бидејќи, имаше моменти кога мислев дека никогаш нема да имам друго дете, признава Треса.

-Но, во исто време чувствувам и вина. Бидејќи Аријана е со мене, а постарата ќерка не е, вели таа и додава дека нејзината ќерка секогаш ќе знае дека има постара сестра.

-Уште сега и зборувам за тоа, иако не ме разбира, вели таа.

Најголема желба на Треса е Аријана да има нормално детство, и да знае дека е сакана и безбедна.

Таа самата тоа го немала. Нејзината мајка Треси Талонс била алкохоличарка и зависник од дрога.

Нејзиниот брат Џејсон почнал сексуално да ја вознемирува кога имала 7 години, а четири години подоцна останала бремена по силување

 

Снегот предизвика проблеми и во Европа и регионот

Експерти: Државата да гради капацитети за производство на струја наместо да ги полни џебовите на приватните компании

$
0
0

Државата наместо да  дава пари на приватни лица за да произведуваат струја од ветар, сонце или вода , самата да гради вакви капацитети, велат експертите. Според пресметките секогаш цената за мегават час  на регулираниот  пазар е многу пониска  од онаа  која државата ќе му мора да му ја плати  на приватното лице за  мегават час произведена  енегија. Затоа експертите предлагаат  парите од разликата во цените наместо да  завршат во џебот на само еден сопственик кој ќе стопанисува со таа централа , владата да ги искористи за изградба на сопствени енергетски капацитети без разлика дали тие ќе работата на јаглен или пак ќе користат  обновливи извори.

- Разликата во цената на онаа од ЕЛЕМ и онаа од приватниот инвеститор е 3,7 милиони евра на годишно ниво . Пари кои дирекно ќе завршат во неговиот џеб , зошто  државата сама со овие пари не ја изгради или парите да ги даде на помали инвеститори да постават помали сончеви колектори од кои сите луѓе би имале  придобивки  наместо 15 години на еден човек да му се давата парите, рече Костантин Димитров од МААЦЕФ

Пред извесно време  на приватна фирма државата и одобри концесија за изградба на ветерен парк во Свети Николе. Планот е да бидат поставени 10 ветерници со моќност од 33 мегавати. По оној во Богданци на државните електрани ова ќе биде втор ветерен парк во земјава.

Сепак искористеноста на обновливите извори на енерија во земјава сеуште е на ниско ниво. Причината за тоа експертите ја  лоцираат во парите. Велат технологија и кадар но таквите централи за Македонија сеуште се скапи.Споре последните податоци на  статистиката и натаму најголемиот  процент во производството на струја  го има јагленот.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Новинар: 

ВМРО ДПМНЕ: Владата неосновано се задолжи со над 600 милиони евра за два месеци

$
0
0
Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

Временските прилики ги поместија роковите за седиба и ги зголемија трошоците на земјоделците

$
0
0

Топлата зима и поволните временки услови во изминатите месеци ги поместија роковите за сеидба,  посебно во раноградинарството. Голем дел од производството годинава беше засадено многу порано од вообичаените термини. Од АПРЗ велат  новонастанатата состојба со снегот и наглото опаѓање на температурите засега нема да се одрази негативно кај посадените култури,  но сигурно ќе ги зголеми производствените трошоци, посебно во делот околу заштитата од температурните разлики. Токму затоа им препорачуваат  на производителите  доколку немаат соодветни услови да не ризикуваат и да не  ги започнуваат активностите многу порано од потребното. 

,, Временските ситуации не дозволуваат некој пат да се брза, да се излегува на терен порано за некои работи бидејќи еве сега ќе се судриме и со поголеми трошоци околу производството на тие култури. Ќе бидат приморани земјоделците таму каде што произведуваат, расадопроизводството е во полн ек и во добра состојба, меѓутоа ќе мораат да вложат повеќе средства околу самото загревање и затоплување на таквите простории.,, вели Стојан Глигоров од АПРЗ – Струмица

Од АПРЗ велат дека како резултат на топлото време  оваа сезона градинарите со сеидба започнаа скоро месец дена  порано. Веќе комплетно е завршена сеидбата на зелката под пластеници, на голем дел од компирот како и пролетната зелка на отворена. Во напредна фаза е и расадопроизводството за доматите, пиперките и краставиците кај кои  во овој период треба да се посвети големо внимание, посебно во делот на затоплувањето и наводнувањето.

 

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Новинар: 

Владата усвои информација за можноста на вклучување на РМ во „Програмата за развој на зелени градови“

$
0
0

 Владата денеска на 56. седница ја усвои информацијата за можноста за натамошно вклучување на Република Македонија во иницијативата „Програма за развој на зелени градови“.

Целта на програмата е да се унапреди управувањето со активностите за зелен развој во градовите преку обезбедување инвестиции, поддршка за развој на политики и градење капацитети на национално и локално ниво.

Програмата предвидува вклучување на девет држави кои се подобни за користење средства од Зелениот климатски фонд на Европската банка за обнова и развој: Албанија, Ерменија, Македонија, Грузија, Јордан, Молдавија, Монголија, Србија и Тунис.

Владата го усвои Предлог-законот за пријавување и евиденција на обврски кои ги имаат буџетските институции

$
0
0

- Владата денеска на 56. седница на предлог на Министерството за финансии го усвои Предлог - законот за пријавување и евиденција на обврски кои ги имаат буџетските институции.

Досега не постоел унифициран механизам на евиденција и следење на обврските на субјектите кои располагаат со јавни средства.

Новиот предлог - закон предвидува преку електронски систем да се евидентираат преземени, а неисполнети обврски на институциите, како и неплатените обврски.

Законот ги опфаќа органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, установите и институциите кои вршат дејности од областа на културата, образованието, здравството, детската, социјалната заштита, како и во други дејности од јавен интерес.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министрите ја усвоија информацијата со предлог решение за нормално функционирање на ИПАРД програмата и за соодветно искористување на средствата од ЕУ.

Владата на 56. седница одлучи свои простории во центарот во Струга да добие „Сојузот на борците од НОАВ на Македонија“. 

Владата ги усвои измените на законот за стечајни работници

$
0
0

- Владата на денешната седница го донесе Предлог законот за изменување и дополнување на законот за стечајните работници, односно за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Со него се уредуваат условите за стекнување и начинот на користење на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок кои ќе го добијат стечајците, а кои останале без работа по основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни 2017 година.

Оваа категорија граѓани сега се опфатени со новите измени во поголем обем со цел да се постигне конечно решение на овој децениски проблем во земјава. 


Забрана за тешки моторни возила на патот Македонски Брод-Барбарас

$
0
0

На патниот правец Македонски Брод-Барбарас поради снежните врнежни е воведена забрана за тешки моторни возила.

Забраната е воведена од 20:30 часот. 

Масовен протест за името во Скопје - објавени 4 барања

$
0
0

Протестот за одбрана на уставното име организиран од повеќе граѓански организации доби масовна поддршка. Повеќе илјади граѓани вечерва на улиците на Скопје побараа да не се менува уставното име. Објавени се и нивните барања.

Македонците бараат:

(1) Безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија;

(2) Повлекување на Законот за употреба на јазиците;

(3) Повлекување на Договорот Заев-Борисов;

(4) Итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието, Владата на Република Македонија, и до сите странски амбасади во Македонија.

Доколку Владата не ги прифати барањата, Македонците во светот бараат самораспуштање на Собранието и одржување вонредни парламентарни избори со обезбедување услови за остварување на избирачкото право во седмата изборна единица, без обврска за упис на избирачкото право на секои парламентарни и претседателски избори.

Македонците во светот отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Во Скопје протестен марш за зачувување на уставното име

$
0
0

 Движењето „За заедничка Македонија“ вечерва во Скопје одржа протест на кој беше побарано прекин на преговорите за името, зачувување на идентитетот на нацијата, повлекување на Законот за употреба на јазиците, отфрлање на договорот со Бугарија...

Во првите редови на протестот беа Сотир Костов, Тодор Петров, владиците Агатангел и Петар, претставници на македонската дијаспора... 

- Македонците и дома и во светот и натаму бараат безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина. Бараме претседателот со нота да го извести генералниот секретар и да достави предлог - резолуција до Генералното собрание на ОН за продолжување на членството во ОН и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за додавка на уставното име Република, како јасна разлика од истоимената провинција во Грција, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и јазик, истакна во своето обраќање Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес.  

Според него, Македонците предлагаат историско македонско-грчко помирување и договор за траен мир и добрососедство.

- Отфрламе рефендум, промена на Уставот и Ратификација на меѓународен договор заради промена на името и идентитетот на нацијата. Нов референдум за името нема да биде референдум за одбрана туку за негова трајна промена, рече Петров.

Доколку овие барања не се остварат, организаторите на протестот ќе бараат самораспуштање на Собранието и организирање вонредни парламентарни избори во Македонија.

Од претседателот побараа амнестија за сите притворени и затворени за настаните во Собранието на 27 април, повикувајќи се на членот 11 од Законот за помилување, а повредените во настаните да ги повлечат тужбите. 

Владиката Преспанско пелагониски Петар потсети дека Светиот синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија лани во декември апелираше до државните фактори да не се менува Уставот на Македонија, да не се менува уставната позиција на македонскиот јазик, да не се отстапува од македонскиот национален идентитет и да се сочува унитарниот карактер на Република Македонија.

Според него, за неменување на името на нашата држава најмногу ќе ни помогнат, како што рече, браќата Грци со тоа што нема да отстапат од црвените линии.

Владиката Петар повика, како што рече, да не правиме ништо лошо, бидејќи така ќе докажеме дека имаме љубов и за нашите непријатели.

Владиката Повардарски Агатангел повика, како што рече, да бидеме достоинствени и да си го чуваме нашето македонско име, јазикот, идентитетот, унитарниот поредок на нашата држава и името на нашата црква. Време е, според него, еднаш нашите државници, да го слушнат гласот на народот и да не водат по прав вистински пат. 

Протестот, кој се одржа додека во Скопје паѓаше снег, почна пред мисијата на Европската унија, а заврши пред Собранието на Република Македонија. 

ЕУ побара темелна истрага за убиството на словачкиот истражувачки новинар

$
0
0

Словачките власти го осудија убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијан и понудија награда од еден милион евра за информации кои ќе помогнат за расветлување на случајот.  И ЕУ го осуди нападот и побара темелна истрага. 27 годишниот Кучијан и неговата свршеница биле екзектуирани со истрели во главата и градите во нивниот дом во градот Велка Мач.

- Не можеме да бидеме земја каде се убиваат новинари. Секое убиство го сметам за огромна трагедија, како човечка, така и општествена, изјави Луција Зитнанска-министер за правда.

Кучијан истражувал и пишувал за даночни измами на бизнисмени поврзани со владејачките социјалдемократи.

Фото за вовед: 
Категорија: 

По убиството на новинар во Словачка, уште двајца функционери поднесоа оставка

$
0
0

Двајца словачки високи претставници, блиски до премиерот Роберт Фицо, денеска поднесоа оставки, откако истото го направи претходно и  министерот за култура Марек Мадарич.

Од функција се повлекоа главната државна советничка во владиниот Кабинет Марија Трошкова, поранешна манекенка, и секретарот на словачкиот Совет за безбедност, Вилијам Јасањ. 

Во заедничкото соопштение Трошкова и Јасањ наведуваат дека се шокирани од убиството на словачкиот новинар Јан Куциак и неговата девојка Мартина Кушнирова, чии застрелани тела беа пронајдени во неделата во нивната куќа источно од Братислава.

Владата понуди милион евра за информации што ќе помогнат за апсење на одговорните за убиството.

Организацијата за истражувачко новинарство ОЦЦРП (Проект за известување за организиран криминал и корупција) претпладнево ја објави недовршената приказна на која работеше застреланиот новинар. На таквиот потег се одлучиле за да „оддадат почит на новинарот, разјаснување на фактите и намалување на опасноста за неговите колеги“.

Во центарот на приказната е токму Трошкова, поранешна натпреварувачка на Мис Универзум, која попладнево се повлече од функцијата. Таа наводно основала фирма со Италијанец, кој живее во Словачка, за која постои сомневање дека е поврзана со мафијата „Ндрангета“, една од најмоќните криминални организации во светот.

Текстот беше денеска објавен под насловот „Моделот, мафијата и убијците“, а сторијата започнува со тоа дека проектот започнал со истрагата за тоа зошто словачкиот премиер Роберт Фицо ја вработил Марија Трошова, тогаш 27-годишна поранешна топлес манекенка како една од неговите помошници и покрај тоа што таа речиси воопшто немала политичко искуство.

„Неговата ПР служба одби да објави во што точно се состојат нејзините работни задачи за да ја објасни нејзината функција во Владата или зошто и бил даден безбедносен сертификат“, се наведува во текстот. Потоа се открива дека таа била во врска со Антонио Вадала, кој бил со блиски врски до Ндрангета.

Според извештајот, во 2001 година италијанската полиција издала потерница за апсење на Вадала, откако при прислушкување открила дека разговарал за тоа да обезбеди логистика за криење на бегалецот обвинет за шеврц и убиство, во неговиот дом во Калабрија. Меѓутоа, обвиненијата биле повлечени, а Вадала откако го избегнал апсењето, се преселил во Словачка. Словачките медиуми наведуваат дека Вадала не бил достапен за коментар.

Инаку, ОЦЦРП најави дека ќе објави детали од друга истрага што ја водел Куциак, за врски на сопственици на земјоделски површини со италијанската мафија, кои, наводно ја користеле земјата за да дојдат до субвенции од ЕУ фондовите.

Куциак и неговата пријателка Мартина Кушнирова беа пронајдени мртви во неделата во неговиот дом во Велка Мача, недалеку од Братислава.

Шефот на словачката полиција Тибор Гашпар информирајќи за смртта на Куциак изјави дека убиството најверојатно е поврзано со неговите истражувачки активности.

Viewing all 45565 articles
Browse latest View live