Quantcast
Channel: Сител Телевизија
Viewing all 45575 articles
Browse latest View live

Најмалку 46 лица починаа од студ во Европа

$
0
0

Студениот бран во Европа е причина за смртта на најмалку 46 луѓе, јави АФП. Поголем дел од жртвите се бездомници.

Според агенцијата, студениот бран е причина за смрт на 18 лица во Полска, шест во Чешка, петмина во Литванија, четири во Франција и Словачка, двајца во Италија, Романија, Србија и Словенија и еден во Холандија. Во Естонија студот е причина за седум смртни случаи овој месец.  Од почетокот на студениот бран, животот го загубиле најмалку осум луѓе без постојано место на живееење – по тројца во Франција и Чешка и двајца во Италија.

Минатата ноќ беа регистрирани рекордни температури на многу места. Во Швајцарија беа измерени минус 36 степени во Глаталп, место на надморска висика од 1.850 метри.

Студениот бран, кој британските медиуми го нарекоа „Ѕверот од Истокот“, Холанѓаните - „Сибирска мечка“, Швеѓаните - „Снежен топ“, а во Франција е познат под називот „Москва-Париз“, најмногу го загрозува здравјето на најранливите категории жители, пред се бездомниците и постарите лица, но го попречува и сообраќајот.

Метеоролозите најавуваат дека студениот бран продолжува и утре.


Харадинај: Јас сум за преговори, а не за отстапување територии

$
0
0

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска за Би-Би-Си дека во целост е против „отстапување теротории“ за Белград и „промена на границите“ бидејќи „таквите приказни предизвикуваат трагедии“.

На прашање дали е подготвен да го отстапи северниот дел од територијата на Косово на Белград, за да се реши спорот меѓу двете држави, Харадинај одговори дека тоа се „приказни за територии кои предизвикаа трагедии и војни на Балканот“.

Тој додаде дека не сака уште една војна во регионот. 

- Заинтересирани сме да седнеме на маса со претседателот Александар Вучиќ и да завршиме со она што остана како отворено меѓу Косово и Србија, а тоа е – признавањето, изјави Харадинај, пренесе Танјуг.

Тој истакна дека не сака да зборува за размена на територии бидејќи според него, тоа предизвикало војни во минатото. 

- Ако го отвориме тоа прашање, тоа е приказна без крај. Јас сум во целост против тоа. Се уште носиме рани од претходните трагедии и не сакаме да ги отвораме повторно, наведе Харадинај за Би-Би-Си. 

Европарламентот утре гласа за состојбите во Полска

$
0
0

Европскиот парламент (ЕП) утре ќе гласа предлог кој има за цел да го определи ризикот за нарушување на европските вредности во Полска. За таа цел денеска на пленарна седница европратениците дебатираа на таа тема.

Мнозинството министри за надворешни работи на ЕУ вчера ја поддржаа Европската комисија (ЕК) во нејзината акција против полската влада. Комисијата во декември одлучи да го активира членот 7 од Европската повелба, популарно наречен “нуклеарна опција” и кој треба да и го одземе на Полска правото на глас.

Во историјата на ЕУ оваа долга и комплексна процедура не била применета.  

Сите министри го поддржаа вчера потпретседателот на ЕК Франс Тимерманс, функционерот задолжен за полското досие, освен Унгарија која и ја дава сета поддршка на Варшава.

ЕК е загрижена поради реформите во полскиот судски систем кои се однесуваат на Уставниот суд, Врховниот суд, Националниот совет на судии и другите судови во земјата. Според Комисијата тие реформи ќе го политизираат судството и ќе го ослабнат. Комисијата и даде на Полска рок до 20 март за да донесе амандамни на законите во оваа област.

Одговорот од Полска се уште не пристигнал во Брисел.

Тимерманс денеска изјави дека Полска има право да го реформира своето судство, но тоа мора да биде направено според стандардите на ЕУ.

Комисијата и полската влада отворија дијалог, но според Тимерманс, вистинскиот дијалог мора да донесе резултати:

- Сега имаме нова ситуација и сега имаме дијалог со Полска. Но, дијалогот е корисен само ако донесе резултати. Го чекам одговорот од Полска за да видиме дали има шанса за напредок, рече Тимерманс.

Франција и Германија вчера во заедничка изјава рекоа дека “правната држава е основата на ЕУ и таа ги гарантира нашите вредности и институциите. Ние ја споделуваме загриженоста за судскиот систем во Полска а ситуацијата е проблематична”.

ЕП треба утре да го даде своето зелено светло за да може Советот на министри да утврди дали постои јасен ризик за нарушување на европските вредности.

Докторите зачудени: Со само две состојки се губат килограми и се топат масти

$
0
0

Постојат милиони луѓе кои се загрижени за нивната килажа, посебно жени, кои сонуваат за брзо слабеење и без многу напор за губење на тежина.

Сепак тоа не е возможно, меѓутоа постојат состојки кои можат да помонат во губење на тежина и согорување на калории, без многу голем напор, а еве еден таков едноставен рецепт:

Состојки:

Две лажици мед

Една мала лажица цимет

250 милилитри вода

Водата ставете да зоврие па додадете цимет, оставете ја потоа смесата да се олади и додадете го медот. Една половина испијте ја пред спиење а преостанатата половина наредното утро на празен желудник.

За само неколку дена ќе забележите резултати.

Над 600 убиени цивили од почетокот на офанзивата на сириските провладини сили во Источна Гута

$
0
0

Најмалку 600 цивили се убиени од почетокот на офанзивата на сириските владини сили во Источна Гута на 18 февруари, јави АФП, повикувајќи се на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Интензитетот на воздушните напади и бомбардирања на последниот бунтовнички бастион крај главниот град Дамаск се намали, откако Русија вчера воведе секојдневна петчасовна хуманитарна пауза во областа.

И покрај намалениот интензитет на борбите, невладината мониторинг организација соопшти дека денеска се убиени уште осум цивили, а пронајдени се и нови тела.

Со тоа, бројот на зaгинатите цивили во изминатите 10 дена се искачи на 601.

По денешната хуманитарна пауза, се зајакна и интензитетот на воздушните напади, а борбите меѓу владините сили и бунтовниците се обновија во делови на Источна Гута. 

Германски медиуми: Руски хакери упаднале во мрежа на министерства

$
0
0

Руска хакерска група позната како АПТ28, упаднала во сервери на германското МНР и Министерството за одбрана и одзела податоци, јавија германски медиуми.

Германското МВР потврди дека во тек е истрага за „кибер инцидент“ што влијаел врз компјутерска мрежа на германската влада. Министерството додава дека владините агенции кои биле цел на нападот преземаат заштитни мерки по „кибер инциднетот“.

Западни влади и експерти за безбедност ја доведуваат во врска хакерската група со руската шпионска агенција и ја обвинуваат за разни операции вклучително и напад врз Националниот комитет на Демократската партија пред претседателските избори во САД во 2016 година и изборите за Долниот дом на Парламентот на Германија во 2015 година.

Руска армија: Сириските бунтовници и понатаму активни и покрај примирјето

$
0
0

Сириски бунтовници продолжуваат со борбени операции во покраината Алепо, Латакија и во Дара и покрај примирјето што е на сила, соопшти руската армија.

Според нив, бунтовниците спречуваат цивили во источна Гута да ја напуштат „зоната на опасност“ со закани за убиство.

На состанок на СБ на ОН на 24 февруари беше усвоена Резолуција со која се повикува на едномесечен прекин на огнот во Сирија за да може во таа држава да се достави хуманитарна помош. Од пред седум години во Сирија почна граѓанска војна.

Босанец има 75 години и шета по снег во летна облека - луѓето го сметаат за луд, но тој возврати

$
0
0

Иако Витез во Босна утрово се разбуди на 14 степени под нулата и под снег, тоа не го обесхабри 75-годишнот Блашко Андриќ како и секој друг ден да прошета по градот, што можеби и не би било толку чудно, доколку по ова студено време надвор не се шета по летна гардероба.

Луѓето кои го гледаат сметаат дека е психички нестабилен. Но, тој ги разуверил. Тој вели дека тоа е негов стил на живот и без оглед на ниските температури дневно поминува од 10 до 15 километри шетајќи во летна облека. Како што објаснува, имунитет на зима стекнал кога во една прилика препешачил 25 километри на температура од -31 степен. Кога стигнал дома се избањал со ладна вода и повеќе никогаш не почувствувал студ.

Погледнете:


Не само мажите и жените се изненадија: После оваа фотографија на Шерцингер никој не остана рамнодушен!

$
0
0

Никол Шерцингер е една од најубавите жени на планетата. Познатата пејачка редовно тренира, а она што го прави на разбој е за секоја пофалба.

Шерцингер, која е во љубовна врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, напорно работи за да ја одржува својата секси линија.

Притоа, често на социјалните мрежи објавува фотографии од теретана, а последната предизвика големо внимание и собра повеќе од 200.000 лајкови.

 

Трагедија во семејството на Мекејлеб, поради загубата ќе стави и крај на кариерата

$
0
0

Лестер Бо Мекејлеб повеќе не е играч на шпанскиот прволигаш Сарагоса.

Тој си замина од клубот и градот поради смртта на неговата мајка, а потоа го известил раководството дека повеќе не се враќа.

Во Сарагоса тој играше само два месеца и настапи на девет натпревари, но и на нив беше еден од најдобрите со просек од 11,9 поени, 2,7 скока и 3,7 асистенции.

Од Меккејлеб уште нема информација дали заминувањето од Сарагоса евентуално би значело крај на неговата кариера.

Помешајте лук и млеко, оваа смеса има чудотворен ефект за кој докторите немаат објаснување

$
0
0

Овој природен лек помага при асма , кардиовскуларниот систем , покачен холестерол и импотенција/ Исто така помага при несоница.

Се работи за смеса од лук и млеко.

Наопоменуваме дека оние кои имаат проблем со варењето не треба да ја конзумираат оваа смеса.

Ќе ви идат потребни 10 чешниња лук кои ќе ги додадете во претходо зовриено пола литро млеко и два децилитри вода и оставете да врие, притоа постојано мешајте. 

Потоа тргнете го од шпорет и оставете да се олади. Откако ќе се олади, процедете и додадете мед. мошете да пиете еднаш дневно, но не секој ден зошто е многу јако.

Со додавање на здрава исхрана ќе спречите многу болести

Наставник научил драгоцена лекција од својата малечка ученичка- статус споделен повеќе од 200 илјади пати

$
0
0
Наставник од Албама, САД, на социјалните мрежи напишал дека оваа недела научил драгоцена лекција од една негова ученичка.
 
Прајс Лоренс кој предава во основното школо во Хантсвил, напишал на Фејсбук дека неговите ученици забележале дека во последно време тој е “отсутен”. Кога го прашале зошто, тој им одговорил дека починал таткото на неговата сопруга и дека сега тој се грижи за неа.
 
“Сите ми рекоа дека им е жал и потоа продолживме да работиме”, напиша тој.
 
Кога учениците ја напуштиле училницата после часот, едно девојче се приближило до наставникот и му ставило нешто во раката.
 
“Ми рече: Ова е за вашата сопруга. Знам дека погребот е многу скап, кога татко ми почина го научив тоа. Денеска навистина не сакам сладолед”.
 
Девојчето му предало 75 центи и порака на која пишувало:” Госпоѓо Лоренс, жал ми е “.
 
“Би сакал светот да посветува повеќе внимание на децата, бидејќи од нив можеме многу да научиме”, заклучи наставникот на својот статус, кој е споделен повеќе од 251.000 пати.

Босанец уценувал струмичанка -„уплати ми 2000 евра на сметка или ќе ги објавам фотографиите“

$
0
0
Полициската станица од општа надлежност Струмица поднесе кривична пријава против 27- годишниот М.В, државјанин на Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена’’.
 
М.В. во текот на декември 2017 година, преку профил на социјалната мрежа ,,Facebook’’, побарал од лице од Струмица да му испрати фотографии со интимна содржина. Откако оштетената му пратила фотографии, пријавениот од мобилен телефон и испратил пораки во кои барал да уплати 2.000 евра на сметка, а во спротивно и се заканил дека фотографиите ќе ги објави на социјалните мрежи.

Детална анализа на вашиот карактер според месецот на раѓање

$
0
0

Погледнете ја деталната анализа на вашиот карактер според месецот во кој сте родени!

Јануари

Ако сте родени во јануари, вашиот владејачки број е 1. Вие сте независни и родени лидери. Имате потреба да се истакнете и сте познати по вашата креативност, генијалност и способноста да направите нешто да се случи. Бидејќи сте харизматични, луѓето ве следат без многу прашања. Најверојатно водите потрадиционален живот од другите.

Особини на личностите родени во јануари

Тврдоглави, амбициозни и сериозни. Обожаваат да учат и да бидат учени. Никогаш не ги гледаат мааните и слабостите на луѓето. Трудољубиви и продуктивни. Паметни, уредни и организирани. Знаат како да ги направат другите среќни. Тивки се, се додека не се возбудени или напнати. Воздржани. Полни со љубов и верни. Сакаат деца. Имаат одлични социјални способности. Внимателни се со парите и многу успешно раководат со нив.

Што велат научниците за нив?

Луѓето родени во јануари, статистички имаат поголеми шанси да развијат Алцхајмерова болест, Кронова болест и епилепсија. Научниците претпоставуваат дека причината за ова е тоа што тие се изложени на помалку сончева светлина во првите месеци од нивниот живот. Ова може да предизвика пречки во развојот, како и да ги направи поподложни на одредени болести.

Февруари

Ако сте родени во февруари, бројот 2 има најголемо влијание кај вас. Вие сте силни емпати. Врските ви значат многу и ќе го потрошите поголемиот дел од вашиот живот барајќи ја вистинската личност. Исто така, многу е веројатно да станете депресивни доколку не ја најдете вистинската личност за да ја љубите. Може да ви биде тешко да се задоволите со самите себе. Луѓето родени во овој месец обожаваат да се грижат за другите и се одлични родители.

Особини на личностите родени во февруари

Ја сакаат реалноста и апстрактното. Интелигентни и паметни. Променливо однесување. Атрактивни. Тивки, срамежливи и скромни. Искрени и лојални. Одлучни да ја постигнат целта. Сакаат слобода. Бунтовни кога се притиснати. Премногу чувствителни. Се лутат многу лесно, но не го покажуваат тоа. Амбициозни. Сакаат забава. Суеверни и забавни.

Што велат научниците за нив?

Овие луѓе многу е веројатно да станат уметници. Исто така се склони кон проблеми со спиењето. Причината за ова е тоа што луѓето родени во февруари повеќе ги сакаат вечерните часови бидејќи биле изложени на помалку светлина во нивните први месеци. Стандардното работно време можеби не е за нив.

Март

Ако сте родени во март, бројот 3 има големо влијание на вашиот живот. Многу често се наоѓате на вистинското место во вистинското време. Можно е да ви биде судено да бидете славни. Имате способност да заработите многу пари, но и да ги изгубите многу брзо. Можеби ви е тешко да останете во една врска бидејќи сте склони кон неверство. Исто така сте посклони кон зависности и пороци за разлика од другите. Имате тенденција никогаш да не пораснете, но ова е дел од работите што ве прават толку лесни за сакање.

Особини на личностите родени во март

Привлечни личности. Приврзани. Срамежливи и воздржани. Таинствени. Искрени и дарежливи. Сакаат мир и да им служат на другите. Лесно се нервираат. Ја ценат и ја возвраќаат љубезноста. Сакаат патување и сакаат внимание. Избрзуваат во одбирањето на партнер. Талентирани за музика. Имаат променливо расположение.

Што велат научниците за нив?

Луѓето родени во март имаат големи шанси да добијат астма. Научниците велат дека ова се случува бидејќи мајките имале недостаток од витамин Д, кој се активира со помош на сончевата светлина. Недостатокот на витамин Д исто може да го попречи развојот на мозокот, па овие луѓе може и да не бидат најдобри ученици. Најверојатно ќе градат некоја неконвенционална кариера, како таа на уметник.

Април

Ако сте родени во април, 4 е вашиот влијателен број. Може да ве гледаат како тврдоглави и импулсивни. Од друга страна, вие сте многу креативни и интелигентни. Вие сте роден лидер и сте многу амбициозни. Вашиот шарм ќе ви помогне да привлечете многу пријатели и љубовници во текот на животот. Треба да се потрудите да не ги оттргнувате луѓето од себе. Штом ќе намислите нешто, ништо не може да ве сопре во остварувањето на вашата цел.

Особини на личностите родени во април

Активни и динамични. Одлучни и брзи, но знаат и да зажалат. Привлечни. Сакаат внимание. Добри советници, пријателски настроени и сакаат да ги решаваат проблемите на другите. Храбри и бестрашни. Авантуристи. Љубезни и грижливи. Учтиви и дарежливи. Агресивни. Имаат добра меморија.

Што велат научниците за нив?

Луѓето родени во април е многу веројатно да станат алкохоличари. Повторно, недостатокот на сончева светлина е причината. Исто така се подложни на аутизам, депресија и на сезонско афективно растројство.

Мај

Родените во мај се управувани од бројот 5. Изразувањето ви е многу важно и можеби сте талентиран музичар, актер или писател. Имате почит кон авторитетите и верувате во бракот. Вашите пријатели ви се поважни од сè и поминувате голем дел од времето во социјализирање. Сепак, одвреме-навреме имате потреба да бидете сами. Времето поминато во природа, сами, може многу да ви помогне за да воспоставите рамнотежа.

Особини на личностите родени во мај

Тврдоглави. Имаат голема мотивација. Остри мисли. Лесно се нервираат. Привлекуваат други и обожаваат внимание. Убави, и физички и психички. Не им треба дополнителна мотивација. Сакаат да сонуваат. Имаат бујна фантазија. Сакаат литература и уметност. Сакаат патување и не сакаат да бидат дома. Обично немаат многу деца. Вредни, со ведар дух.

Што велат научниците за нив?

Овие луѓе се склони кон дијабетес и глаукома. И ова има врска со изложувањето на светлина. Недостатокот на сончева светлина може да има влијание во разни фази од развитокот. Исто така, овие луѓе имаат понизок коефициент на интелигенција поради истата причина.

Јуни

Ако сте родени во јуни, бројот 6 владее со вашата судбина. Вие сте многу романтични, но и многу љубоморни. Исто така сте и одличен љубовник. Вашиот љубовен живот обично е многу комплициран. Кариера поврзана со креативност е најдобриот избор за вас. Вашата најголема слабост е озборувањето. И покрај тоа, вие сте многу добра и љубезна личност. Не сакате деца, но постарите роднини можат да ви значат многу.

Особини на личностите родени во јуни

Размислуваат долгорочно. Учтиви. Имаат многу идеи. Чувствителни. Се двоумат и може да одложуваат работи. Пребирливи и секогаш го сакаат најдоброто. Темпераментни. Интересни и со смисла за хумор. Разговорливи. Пријателски настроени. Лесно се спријателуваат. Брзо им станува здодевно. Тврдоглави. Ретко покажуваат емоции. Им треба повеќе време да преболат кога некој ќе ги повреди.

Што велат научниците за нив?

Најмногу Нобелови награди имаат добиено луѓе што биле родени во јуни. Тие конечно ја добиваат потребната светлина откако ќе се родат. Но, поради недостаток на светлина додека се во матката, можно е да имаат проблеми со видот.

Јули

Според нумерологијата, ако сте родени во јули, бројот 7 е вашиот владетел. Вие сте искрена личност. Се грижите за семејството и би направиле сè за да ги заштитите вашите врски. Може да бидете цинични и саркастични и малку осамени, што може да ги збуни оние кои се грижат за вас. Луѓето родени во овој месец можат да бидат ексцентрични, посебно во начинот на облекување и некои животни навики. Многу луѓе родени во јуни се генијалци, но исто така се чувствителни и склони кон депресија.

Особини на личностите родени во јули

Забавно е да се биде во нивно друштво, но понекогаш е тешко да ги разберете. Горди се на себе. Искрени се. Се грижат за чувствата на другите. Чувствителни се и внимателно ги избираат пријателите. Немаат тешкотии во учењето. Сакаат да бидат сами. Имаат тешкотии при создавање нови пријателства.

Што велат научниците за нив?

Имаат проблем со исхраната. Лесно се повредуваат, но им треба долго време да заздрават.

Август

Ако сте родени во август, вашиот владејачки број е 8. Вие се стремите да го гледате доброто во другите. Една од вашите слабости е проблемот со здравјето бидејќи работите многу. Често сте препознатливи по вашата способност да ги инспирирате другите. Многу лесно заработувате пари.

Особини на луѓето родени во август

Сакаат да се шегуваат. Привлечни. Храбри и бестрашни. Премногу дарежливи. Љубоморни. Внимателни. Брзо размислуваат. Сакаат да водат. Талентирани се за уметност, музика и одбрана. Романтичари. Сакаат да создаваат пријателства.

Што велат научниците за нив?

Луѓето родени во август е многу веројатно да имаат проблеми во училиште. Имаат 30 проценти поголеми шанси да бидат „обележани“ како проблематични ученици од страна на наставниците. Обично се помладите деца во класот, па имаат проблем да бидат во тек со предавањата.

Септември

Ако сте родени во овој месец, бројот 9 ви е од голема важност. Веројатно ќе имате многу улоги во вашиот живот бидејќи сте интелигентни и флексибилни. Исто така сте и многу добро организирани. Вашата најголема слабост е депресијата. За да успеете, понекогаш треба да го исклучите вашиот внатрешен глас кој ве критикува.

Особини на луѓето родени во септември

Внимателни и организирани. Тврдоглави. Тивки. Верни. Чувствителни и многу дарежливи. Имаат добра меморија. Можат самите да се мотивираат. Сакаат спорт. Ретко покажуваат емоции и се чуваат во себе. Претенциозни, посебно кога станува збор за врски.

Што велат научниците за нив?

Најдобрите во училиштето се најчесто родени во овој месец, бидејќи речиси секогаш се најстарите во класот. Големи се шансите да завршат факултет и да изградат кариера.

Октомври

Ако сте родени во октомври, вашиот број е 10. Вие имате многу среќа. Кога ќе си поставите цел, речиси секогаш ја постигнувате. Негативната страна на вашата личност е тоа што многу лесно влегувате во расправии и сакате да се одмаздите. Ако можете да се справите со вашите „демони“, можете да успеете повеќе од што сте замислувале. Имате потенцијал да бидете лидер во вашата област.

Особини на луѓето родени во октомври

Обожаваат да разговараат. Секогаш ја возвраќаат љубовта. Пријателите им се од голема важност. Лесно се повредуваат но и лесно преболуваат. Лојални. Не им е грижа што мислат другите. Сакаат патување, уметност и литература. Знаат да бидат љубоморни, но секогаш се искрени. Лесно ја губат довербата. Сакаат деца.

Што велат научниците за нив?

Овие луѓе живеат најдолго. Во просек, живеат околу 160 дена повеќе од оние кои се родени во пролет. Причината за ова е светлината која ја примаат во текот на бременоста и во раниот развиток.

Ноември

Ако сте родени во ноември, бројот 11 е важен за вас. Вие сте емпати. Како и да е, понекогаш вашата чувствителност може да ве порази и тоа да доведе до стрес и психолошки проблеми, како што се замор и депресија. Многу често сте пример за другите и би биле одличен учител.

Особини на луѓето родени во ноември

Имаат многу идеи. Тешко е да ги разберат. Уникатни и брилијантни. Можат да бидат добри лекари. Таинствени. Секогаш размислуваат за нешто. Не зборуваат многу. Храбри и дарежливи. Стрпливи. Сакаат да бидат сами и размислуваат поразлично од другите. Романтични. Несигурни во врските. Не можат да си ги контролираат емоциите.

Што велат научниците за нив?

Луѓето родени во ноември се песимисти. Причината за ова е бидејќи имаат недостаток од допамин, „хормонот за среќа“, што е исто поврзано со изложувањето на светлина по раѓањето.

Декември

Ако сте родени во декември, вашиот број е 12. Вие сте филозоф. Исто така имате многу среќа, па љубовта и богатството лесно доаѓаат кај вас. Имате активен социјален живот. Проблемот кај вас е тоа што се сметате за премногу среќни, па некогаш превземате големи ризици. Клучот до вашиот успех е да сфатите дека сепак не сте бесмртни.

Особини на луѓето родени во декември

Лојални и дарежливи. Патриоти. Амбициозни и сакаат да се дружат. Искрени. Имаат краток темперамент.

Што велат научниците за нив?

Луѓето родени во овој месец имаат големи шанси да бидат со астма или алергии. Можеби причината за ова е затоа што се родени кога гриповите и другите вируси имаат најголем замав. Недостатокот на светлина во првите месеци од животот може да предизвика биполарно растројство кај овие луѓе.

Велика Британија треба да плати отштета за присилното иселување на деца-мигранти

$
0
0

- Британската влада мора да плати отштета за околу 2.000 луѓе кои, како деца, биле насилно испратени надвор од земјата, каде многумина биле подложени на тешки услови, занемарување и злоупотреба.

Повеќе од 100.000 сиромашни деца се испратени од 19. век па се до 1970 година во тогашните британски колонии, вклучувајќи ги Австралија, Нов Зеланд и Канада.

Целта на тие програми била намалување на притисокот врз британските социјални служби, нудејќи им на децата нов почеток и зајакнување на британската популација во странство.

Меѓутоа, многу деца завршиле во институции каде биле физички и сексуално малтретирани или биле принудени да работат на фарми.

Независна истрага за сексуална злоупотреба на деца утврди дека програмата во суштина била погрешна и дека не ги заштитила децата од злоупотреба.

Повеќето од поранешните деца-мигранти починале, но „околу 2.000 мигранти се живи и денес“, а комисијата смета дека од клучно значење е на сите преживеани да им се додели отштета.

Поранешниот британски премиер Гордон Браун во 2010 година се извини за „срамната"и злонамерна програма за деца мигранти.


Одложени претседателските избори во Венецуела

$
0
0

Изборната комисија на Венецуела соопшти денеска дека претседателските избори ќе бидат одложени за втората половина од мај, врз основа на договор постигнат меѓу владата и опозицијата.

Претседателските избори беа закажани за 22 април.

Главната опозициска коалиција најави бојкот на изборите, но еден кандидат Хенри Фалкон веќе почна со кампања. Тој вели дека може да победи поради незадоволството на народот од претседателот Николас Мадуро. 

Русија тврди дека противракетниот штит на НАТО не дихтува

$
0
0

 Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека делови од противракетниот штит на НАТО, распоредени во Полска, Романија и на Алјаска се како „чадор со дупки“. 

- Се гледа дека противракетниот штит има дупки, изјави Шојгу. Тој вели дека дупките станале видливи откако рускиот претседател Владимир Путин денеска извести за нови видови руско нуклеарно оружје.

Шојгу додаде дека државите од НАТО се обидуваат да ја вовлечат Русија во нова трка во вооружувањето, но дека таа можност ќе се спречи благодарение на новото нуклеарно оружје. 

- Русија произведува небалистички систем, на кој ниту еден ракетен одбранбен комплекс нема да може да му се спротистави, изјави денеска рускиот претседател во годишниот говор за состојбата на нацијата.

- Почнавме да создаваме нов вид стратешко оружје, кое нема да ја следи балестичката траекторија додека се движи кон целта, што значи дека комплексите за противракетна одбрана ќе бидат бескорисни и бесмислени во борбата против таквото оружје, наведе Путин. 

Сеул испраќа специјален пратеник во Северна Кореја

$
0
0

- Јужна Кореја планира да испрати специјален пратеник во Северна Кореја на повик на севернокорејскит лидер Ким Џонг-ун, изјави денеска јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп.

Мун и Трамп разгповарале за неодамнешната посета на високи севернокорејски претставници во Јужна Кореја, соопшти Кабинетот на Мун.

„Мун и Трамп се согласија дека ќе продолжат да вложуваат напори со цел денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, но притиоа да се зачува замавот во дијалогот меѓу Северна и Јужна Кореја“, се вели во соопштението.

Со испраќање пратеник во Пјонгјанг, Мун ќе одговори на испраќањето високи северенокорејски официјални лица на ЗОИ, меѓу кои беа и Ким Јо-џонг, сестрата на Ким Џонг Ун, прва членка на владејачкото севернокорејско семејство, која тоа го направи од Корејската војна 1950-1953

Косовскиот државен врв со многу пониски плати од директори на aгенции и претпријатија

$
0
0
 Косовските државни лидери не се вбројуваат меѓу најплатените функционери во земјата.
 
Повисока плата од премиерот, претседателот на државата и спикерот на парламентот, имаат неколку носители на високи функции на јавни претпријатија. Дел од нив имаат плата до 5.000 евра,додека премиерот во моментов има плата од 1.443 евра, објавија косовски медиуми.
 
Директорот на Косовскиот фонд за пензиски заштеди (Труст)Адријан Зали останува највисоко платен службеник во земјата.Неговата месечна плата е 15-пати повисока од просечната плата во земјата. Зали добива месечна плата од 5.213 евра или 62.567 евра годишно.
 
По него,со највисока плата е Агрон Мустафа,извршен директор на Телеком Косово, со месечна плата од  4.451евро.
 
Гувернерот на Централна банка на Косово има месечна плата од 4.301 евро ил 51 илјада евра годишно.
 
Следува директорот на Агенцијата за приватизација со 3.979 евра. По него е Директорот на косовската пошта со 3.000 евра,додека директорот на Косовската електрокорпорација,КЕК, е со месечна плата од 2.413 евра.
 
Од друга страна,државните функционери  на Косово имаат помали плати, споредено со првите луѓе на агенциите и претпријатијата.
 
Претседателот на Косово,Хашим Тачи има месечна плата во износ од 2.800, спикерот на парламентот Кадри Весели 2.724, додека премиерот Рамуш Харадинај 1.443 евра

Тевдовски: Законот за јавни набавки ќе биде европски и квалитетен

$
0
0

23 забелешки по одредени членови, но и свои предлози имаат бизнисмените и ЕПИ центарот по однос на новиот Закон за јавни набавки, кој беше презентиран денеска од страна на министерот за финансии Драган Тевдовски. Овој Закон изминативе години е 14 пати менуван без консултации со бизнис секторот  и според Тевдовски сите сугестии се добро дојдени, за да се креира Закон по европски терк.

- Јас сум дојден тука за повеќе да слушам, да ги слушнам вашите проблеми и вашите барања за да знаеме што е тоа што би требало да промениме или да вградиме во законот, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии

На третата по ред инфо сесија, посебно беше акцентиран предлогот на 4-те Стопански комори за воведување на електронски каталог, со што ќе се избегнат набавки на одредени производи по повисоки цени од тие во малопродажба, што било досегашна пракса.

- Сега идејата е сите такви производи кои што фреквентно ќе се купуваат, да бидат на тој електронски каталог и секој да може да ги види и нивните цени и практично институциите брзо да можат на еден транспарентен начин тие да ги купуваат, додаде Тевдовски.

Во делот на избор на економски најповолен понудувач, бизнисмените предлагаат изборот да биде секторски и да се изготват прирачници, зашто не е исто, на пример, да се набавува медицинска опрема или градежни материјали.

- Од тие причини сметаме дека е многу важно да спецификите на овие сектори бидат одредени со посебни под законски акти-изјави Љубомир Димовски координатор на проектот - ЕПИ центар

Крајната цел на новиот Закон, кој треба да биде донесен до октомври е зголемување на транспарентноста, односно, креирање систем отворен за јавноста со што би се спречиле злоупотребите и подобрување на ефикасноста преку забрзување на процедурите.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Viewing all 45575 articles
Browse latest View live




Latest Images

МУРТИ И КУРТИ

МУРТИ И КУРТИ