Quantcast
Channel: Сител Телевизија
Viewing all 45292 articles
Browse latest View live

Мицкоски: Поразителни резултати во енергетиката кои уриваат негативни рекорди

0
0
Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

ДЗС: Најмалку простор за вработување лани имало во јавната управа

0
0

Најмалку простор за вработување има во јавната управа. Според податоците кои ДЗС ги објави денеска, а се однесуваат на слободните рабтни места во земјава на крајот на 2017 година најмалку позиции за вработување имало во државната управа. Спротивно на бројките, од стартот на оваа година најмногу огласи за вработување има токму во државната управа.

Се ангажираат агенции за привремени вработувања преку кои се регрутираа нови работници. Меѓу последните се огласот на Министертсвто за култура во вредност од 1 200.000 денари. Министертсвто за труд за ова намена ќе потроши двојно помалку пари. Генералниот секератријат на Владата бара агенција за да и обезбеди работници во врендост од 10 милиони денари. 5 милиони и 700 илајди за истата намена ќе потроши Агенцијата за медиуми.

Освен за вработување преку агенциите, се објавуваат огласи и за  конкретни работни места. Најмногу се бараат советници чија нето плата не е помала од 500 евра. Најмногу бура во јавноста пак предизвикаа огласите за возач и курир во аеродормското претпијатие за 32.000 денари и за копирант во МЕПСО за 25.000 денари. Од почетокот на годината беа распишани огласи за вработување на 300 лица во Макеоднски шуми и стотина во државните патишта.

Статистиката денеска објави дека во декември лани бројот на пополнети работни места се намалил во однос на претходниот квартал.

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

Нема да тагува: Еве што одлучи да прави Џенифер Анистон по разводот

0
0

Веста за разделбата на Џенифер Анистон и Џастин Теру успеа да ги изненади сите бидејќи никој не замислуваше дека нивниот брак има такви несовладливи проблеми. Откако официјално се потврди дека се развеле, тие не се појавиле никаде, не давале интервјуа, не учествувале на јавни настани.

Блиски до Анистон, сепак, откриваат што актерката прави во изминатите десет дена откако стана јасно дека нејзиниот сопруг си заминал. Излегува дека таа планира одмор во Хаваи, како и да земе со неа десетина нејзини другарки. Затоа таа ја преземала организацијата за одмор и ги координира сите дами кои ќе дојдат со неа.

Другата работа што сериозно ги оптеретува нејзините мисли се работните обврски. Анистон одлучила да снима филм по филм и во моментот ја организира својата програма за следната година.

Пијан и гол се санкал низ трње

0
0

Мртов пијан маж се пуштил низ снегот на место обраснато со трње. Засега не е позната локацијата ниту идентитетот на овој човек, но  добро е што побарал помош од момците кои ја снимале оваа лудост.

„Ова болеше“, беа зборовите на крајот од санкањето.

Тој е меѓу најпознатите актери, а вие никогаш не сте го виделе

0
0

Можеби не го препознавате неговото лице, но сигурно сте ги гледале неговите филмови.

Неговиот вистински изглед никогаш не сте го виделе.

Изминативе 30 години Даг Џонс глумел чудовишта, суштества и негативци во над 150 холивудски филмови меѓу кои и “The Shape of Water,” “Fantastic Four” и  “Batman Returns”.

Во видеото подолу дознајте повеќе за Даг Џонс.

Чудотворен рецепт: Народен лек против кашлица, бронхитис и ларингитис

0
0

Овој напиток може да ја излечи дури и најкомлицираната кашлица која не успева да ја излечи современата медицина.

Пробајте го овој рецепт, творците велат дека проверено помага.

За подготовка на напитокот против кашлица, направете го следново:

Стоплете шоља (250мл) млеко. Малку изладете. Потоа додајте лажица путер и лажица мед. Измешајте и додајте шоља изматена жолчка и 1/4 лажица сода бикарбона.

Ова е многу ефикасен народен лек не само за кашлица – со успех лечи бронхитис, ларингитис и трајеитис кај деца и возрасни.

Лекот се пие пред спиење, најмалку 5 дена.

За возрасни 1 чајна лажица, за деца 1/2 чајна лажица, а познато е како одлично средство за исфрлање на шлајм.

Загрејте ги следниве состојки и испијте го во текот на денот – половина наутро, половина навечер:

2 лажици маслиново масло
2 лажици сок од лимон
2 лажици вода
1 лажица мед

Познатиот глумец се пофали дека ми се исполнил сонот, а само неколку секунди потоа неговите фанови преплашени

0
0

Српскиот водител Милан Калиниќ одлучил да оди на скијање и тоа не било каде туку во Канада.

Тој на Инстаграм профилот објави и видео снимка на која сакаше да се пофали на своите фанови дека му се исполнил сонот и не само да скија туку и да се вози со хеликоптер. Но во еден момент додека го чека да се доближи хеликоптерот се појави (се чини на чекор од него) а притоа на снимката се гледа и голем нанос наа снег во лицето на Милан, а пропелерите се чинеа како да прелетаа над неговата глава.

Сепак се било во граница на безбедност, но многу од фановите на Милан коментираа дека им се „смрзнала крвта“ додека го гледале ова видео.

Погледнете за што се работи:

Бебиситерка видела дека девојчето умира па направила нешто за што заслужува медал

0
0

Кристен Мајклс е 22- годишна Амреиканка која работи како бебиситерка за семејство со три деца, а кога ги запознала тие ја замолиле да обрне внимание на најмалото девојче кое страдало од ретка болет.

Кристен ги чувала трите деца а со тек на време многу се поврзала со најмалото девојче и почнала да истражува како може да и помогне.

Девојчето било ставено на листа на чекање за донирање на црн дроб, но безуспешно зошто не можеле да најдат донор.

Кристен сфатила дека таа одговара како донор, па кажала на семејството дека е подготвена да го направи тоа.

Тие биле пресреќни и понудиле пари, а Кристен секако ги одбила.

Делови од црниот дроб биле извадени од Кристен, и пресадени на малото девојче.

-Кога ги видов сите заедно после операцијата, знаев дека постапив правилно- рекла таа.

Малата Талија брзо оздравела а докторите имаат одлични прогнози за живот.


Оваа баба е чудо, тоа што таа го прави во теретана не можат ни нејзините внуци

0
0

Жена стара повеќе од 80 години успева на колената да подигне 91 килограм.

Нејзината техника на вежбање можеби изгледа лесно, меѓутоа со оглед на возраста, нејзините вежби се неверојатни.

Повозрасните лица мора да водат сметка за своето здравје, а вежбањето помага во тоа. Меѓутоа кревањето тегови е голем напор за скелетот, особено за жени кои имаат проблеми со остеопороза.

Поради тоа успехот на оваа баба е величествен.

Во Швајцарија се одржува референдум за телевизиската претплата

0
0

Граѓаните на Швајцарија денеска на референдум одлучуваат дали ќе продолжат да плаќаат годишна претплата за државната телевизија и другите програми поддржани од Владата.

Референдумот за укинување на обврската за национална телевизиска претплата е спонзориран од заговорниците за слободен пазар и другите критичари, кои посочуваат дека граѓаните не би требало да ги плаќаат државните программи ако не ги гледаат или не ги слушаат.

Според минатогодишните анкети, поголемиот број Швајцарци биле подготвени за укинување на претплатата, но резултатите од најновите истражувања покажуваат дека околу две-третини од нив го отфрлаат предлогот.

Швајцарските домаќинства сега плаќаат годишно над 450 франци (околу 390 евра). Претплатата од следната година ќе биде намалена на 365 франци (околу 316 евра), но референдумот се заснова на принципиелно прашање дали воопшто граѓаните треба да плаќаат, а не станува збор за сумата.

Тие кои се залагаат за претплата, инсистираат дека Швајцарија мора да наплаќа повеќе бидејќи во државата има висок животен стандард и четири национални јазици. 

Писмо од роднина: Пријателите на Калина и Александар да престанат да молчат

0
0

Македонија тагува по Калина и Александар, планинарите чии животи прерано згаснаа.

Граѓаните чекаат некој да понесе одговорност за трагедијата и секој нов момент во сторијата ја чекаат со должно внимание.

Роднина на еден од загинатите испрати писмо кое ние ви го пренесуваме во целост

И после 20 дена од трагедијата на младите планинари Калина и Александар, планинарите, нивните здруженија и Федерацијата, се уште молчат.
Надлежното обвинителство нека си ја утврдува евентуална кривична одговорност. Ќе се осврнеме на прашањето за професионалната и моралната одговорност на Федерацијата на планинарски спортови (ФПСМ) и на нејзиниот претседател, уважениот Проф. Угриновски.

Замислете, Проф. Угриновски, не бил запознаен со фактот дека водичот на групата на Кајмакчалан, Зоран Костадиновски, бил прекршочно казнуван за бесправно организирање на вакви тури, а јавно се испрчи во одбрана на неговата „стручност“ за спасување на планинари во зимски услови, која се покажа на дело, на 10.02.2017. Дали истиот веќе покренал постапка за евентуално кршење на Кодексот на честа на планинарите? Наместо да го осуди молкот, тој изјави дека не е правник и дека не му се познати интерните процедури. Да го запрашаме уважениот хирург, дали влегува во операциона сала без запазување на строгите процедури и стандарди и дали оперира без ракавици и без операционен тим?

Истиот, ниту еднаш не повика на покренување на соодветни постапки од страна на надлежните институции, инспекциски служби, полицијата и обвинителството. Наместо тоа, се обиде од себе да збрише било каква одговорност со трагикомичната изјава дека Калина, на минус 20 и ветер од 100 км на час, застанала да се „замези“ со еден сендвич и затоа се изгубила. Како дошол до оваа информација, кога знаеме дека помеѓу членовите на Трансверзалец владее молк ? Дали знае дека во ранецот на Калина, предаден на семејството, имало сендвичи, дали сака заеднички да ги изброиме ? Дали ја известил UIAA International Climbing and Mountaineering Federation, чијашто национална членка е Македонската Федерација од 1999 та година за трагичниот настан, дали се тие запознаени со фактот дека владее хаос во организирањето на планинарските спротови и дали јавноста ќе го добие на увид тоа известување ?

Како воопшто функционира оваа Федерација, на чија веб страна има известие дека последната седница на Претседателството е во 2016 та година, а извештајот на Собранието е од 2015 та, а оттогаш наваму ништо??? На што личи нивниот Статут од 2014 та година, кој содржи терминологија, како „ целите на Федерацијата се : кај своите членови и граѓани да развива љубов спрема планината, − да работи на запознавање и зближување со другите народи во светот, да ги негува традициите од историското минато и НОВ (Народно ослободителната војна). Во кој век живеат уважените членови и Претседателот ? Небаре читате поезија, а не правила за постапување во опасна област во која се губат животи!

Од подоцнежните изјави на вистински спасувачи и од објавениот видео запис за спасување на француските скијачи, целата јавност го констатира фактот дека планинарите можеле да бидат спасени, доколку во тие 11 часа од констатирањето на нивното исчезнување, навремено се алармирале компетентните стручњаци. Го прашуваме Зоран Костадиновски, зошто се јавил на планинарскиот сојуз во Битола во 03 часот на 11 ти Февруари, а тоа не го сторил 12 часа порано, кога ја узнале својата некадарност да ја спроведат спасувачката акција. Зошто за пријавениот проблем не го разбудиле од зимски сон Угриновски?

Се надеваме дека дипломатските претставници на Република Грција во Република Македонија ќе помогнат експедитивно и ефикасно, по дипломатски пат, да се добијат потребните докази за да се утврди огромното доцнење и неодговорноста на грчките спасителни служби кои дошле многу доцна и ги оставија децата во снегот, „претпоставувајќи“ дека Калина е мртва, а Александар, жив, ама се откачил од јажето?

Трагичното загинување на Калина и Александар ја потресоа целата македонска јавност. Долго ќе ги слушаме нивните повици за помош, која не пристигала цели 11 часа, за на крајот да замрзнат живи во снегот. Тие, нивните големи другари, пријатели, кои упорно молчат со гласен, срамен молк, им го должат одговорот на роднините, блиските, но и на целата вознемирена македонска јавност, а Претседателот на Федерација, уважениот хирург, достоинствено да си ја предаде функцијата на млади кадарни луѓе, кои ќе направат ред во планинарските спортови, во кои нема да има нови жртви поради ваква монтруозна негрижа и некомпетентност.

Роднина на загинатите

Сообраќајот по наместа влажни коловози, врнежи од слаб снег на Маврово

0
0

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива тековно по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат во Маврово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти ЈП Македонијапат, на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, порадо што се апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Се сеќавате на момчето кое стана татко на 13 години? - Се случи морничав пресврт!

0
0

Новинарите ја опколија неговата куќа, не му дозволуваа “да дише” со месеци, а неговата мајка беше очајна и несигурна во целата приказна, па одлучи да провери сè

Пред девет години, тогаш тринаесетгодишниот Алфи Патен, стана татко, што ја зачуди целата планета.

Тогаш се породи девојката, Шантел Штедман, која во тој момент имала само 15 години.

– Тоа беше лудо време. Само што ја држев Мејси во моите раце за прв пат беше неверојатно. Бев премногу неискусен, но ми се допадна додека ја држев и веднаш ја засакав, рече Алфи. 

Таа го однесе на тест за татковство, а потоа се покажа дека Алфи не е татко, и дека една од најпознатите бомбастични вести во историјата на Британија е лага.

– Плачев со денови и едвај ја напуштав мојата соба. Ситуацијата беше влошена, бидејќи никогаш повеќе не ја видов Мејси, бидејќи Шантел и нејзиното семејство се иселија веднаш штом дознале дека не сум татко, вели Алфи.

По целиот хаос, се покажа дека мајката на женското бебе всушност имала односи со уште едно тринаесетгодишно момче по име Тајлер, кое живеело во соседството.

Денес Алфи е задоволен од својот живот, и на крајот, како што вели, среќен е што тој не е таткото.

Тој не размислува за татковство, барем не уште некое време.

Северна Кореја не прифаќа условување од САД

0
0

Северна Кореја е подготвена да разговара со САД, но нема да ги прифати предусловите за дијалогот, изјави денеска портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

- Во текот на децениските разговори помеѓу Северна Кореја и САД, нема ниту еден случај кога разговаравме со САД под какви било предуслови и така и ќе остане. Американскиот однос откако покажавме дека планираме разговори не наведува на помислата дека САД не се заинтересирани за продолжување на дијалогот, посочи портпаролот.

Тој истакна дека „доследниот и принципиелен“ став на Северна Кореја е „дипломатски да ги решава споровите и мирно по пат на дијалог и преговори“.

сад северна кореја

- Дијалогот што го сакаме има за цел да разговараме и да ги решиме прашањата од взаемен интерес како две рамноправни држави, истакна портпаролот на севернокорејското МНР.

Ставот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е дека Северна Кореја мора да покаже дека е подготвена да се откаже од нуклеарната и ракетна програма пред да има какви било разговори.

Доналд Трамп ЦПАЦ

САД на 23 февруари соопштија дека воводуваат нов пакет санкции кон Северна Кореја со цел да го натераат Пјонгјанг да се разоружа. Тогаш Трамп предупреди дека тоа е „фаза два“, која би можела да биде „многу несреќна по светот“ ако не би имале ефект таквите чекори.

Претходно, севернокорејската новинска агенција КЦНА објави дека Северна Кореја „на свој начин“ ќе им се спротистави на САД доколку американската армија одржи заедничка воена вежба со Јужна Кореја.

- Ако САД одржат заедничка воена вежба додека и понатаму се во сила санкциите кон Демократска Народна Република Кореја, ДНР Кореја ќе им се спротистави на САД на сопствен начин за противдејствување, а САД ќе мора да ја преземат цела одговорност за последиците што ќе уследат, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Во соопштението се истакнува и дека Вашингтон се обидува да го попречи намалувањето на тензиите помеѓу Северна и Јужна Кореја.

На почетокот од април предвидена е заедничка воена вежба помеѓу американската и јужнокорејската армија.

Техеран: Ќе преговараме ако Европа и САД се откажат од нивните нуклеарни програми

0
0

Портпатролот на иранската армија, генерал Масуд Џазајери денеска изјави дека Техеран ќе преговара за својата нуклеарна програма доколку САД и Европа ги расформираат нивните програми.

- Предуслов за преговорите за иранските ракети е расформирањето на американското и европското нуклеарно оружје и на ракетите со голем дострел, истакна Џазајери.

Тоа е првпат Иран да се огласи за преговори.

Ставот на Техеран е дека иранската нуклеарна програма е конвенционална програма, која има за цел заплашување и самоодбрана и оти за тоа не може да се преговара. 


Три чаши вино неделно го зголемуваат ризикот од деменција

0
0
Британски експерти откриле дека само три чаши вино неделно може да предизвикаат неповратни последици по човековото здравје.
 
Резултатите од истражувањето спроведено на универзитетите во Оксфорд и во Кардиф покажуваат дека три чаши вино неделно се доволни за да го зголемат ризикот од развој на деменција.
 
Научниците наведуваат дека дури и малку алкохол може сериозно да го оштети мозокот.
 
Според експертите, луѓето кои пијат повеќе од една единица алкохол на ден значително ја намалуваат способноста на мозокот да функционира правилно. Една единица на алкохол е еквивалентна на 175 милилитри вино. Оние кои ја надминуваат нормалата се изложени на значителен ризик од деменција.
 
Во истражувањето учествувале повеќе од 13.000 луѓе на возраст од 40 до 73 години.
 
При истражувањата мажите и жените кои пиеле три чаши неделно, имале многу големи проблеми со тестовите за меморија и когнитивните способности. Негативното влијание на алкохолот е особено забележливо на возраст од 60 години.

Пејџ: И по Брегзит, Велика Британија ќе биде заинтересирана за Западен Балкан

0
0

Британскиот дипломат Ендрју Пејџ, координатор на Самитот ЕУ - Западен Балкан, што во јули ќе биде одржан во Лондон, изјави дека Велика Британија  и по Брегзит ќе остане силно заинтересирана за стабилноста и економскиот напредок на Југоисточна Европа, потенцирајќи оти Лондон и понатаму сака да биде сигурен партнер на „европскиот проект“.

Тој во разговор за хрватската новинска агенција ХИНА се осврна и на „долготрајните политички спорови поради кои е успорен патот на некои земји кон ЕУ“.

Македонија Грција

Тој ја спомна грчката блокада за Македонија поради спорот за името. Пејџ истакна дека „тоа не е во фокусот на Берлинскиот процес, но оти во интерес на сите  да се решат билатералните спорови“.

Пејџ наведе дека секој од тие спорови имаат своја динамика.

- Охрабрени сме од одреден напредок што е постигнат во разговорите помеѓу Македонија и Грција, сакаме да видиме дополнителен напредок... Ние како надворешен играч единствено можеме да направиме се за да ги охрабриме и за да посредуваме во решавањето, истакна Пејџ.

Западен Балкан.jpg

Тој додаде и дека исто важи и за случајот со Хрватска и Србија.

- Неодамна имаше многу важна посета на претседателот (на Србија, Александар) Вучиќ. Ние со голем интерес ја следевме посетата. Видовме дека е направен напредок во одредени подрачја, но има уште многу работа на долгата листа на отворени билатерални прашања помеѓу Хрватска и Србија. Гледаме одреден простор за охрабрување од самиот факт дека за тие прашања се разговара, наведе Пејџ.

Тој истакна и дека Велика Британија „ќе ги почитува обврските за ЕУФОР и за КФОР“.

КФОР

- Да британската јавност гласаше за излегување од ЕУ и тоа ќе се случи во март 2019 година, но без оглед на фактот дека ќе ја напуштиме ЕУ и понатаму ќе бидеме членка на НАТО. Во случај на Западен Балкан одлучни сме да ги почитиваме сите обврски за ЕУФОР и за КФОР.

Пејџ во последните две недели претстојуваше во Загреб, каде со хрватските претставници разговараше за подготовките на Самитот ЕУ - Западен Балкан. Тоа е петгодишен состанок на лидерите од земјите од Западен Балкан, кои се стремат за членство во ЕУ со претставниците на Унијата во рамките на Берлинскиот процес, кој во 2014 година го иницираше германската канцеларка Ангела Меркел, со цел да ги охрабри земјите од регионот во спроведувањето на реформите, како и да се покаже дека и покрај уморот од проширување и понатаму е отворена вратата на Унијата за сите земји кои ќе ги исполнат критериумите за членство.

Инспектори го испитуваат финансиското работење на Роби и ТВ 24 Вести

0
0

Инспектори на Управата за јавни приходи и Финансиска полиција влегле во компаниите на Роберт Димитров, со цел да се види нивното финансиско работење  и евентуалната поврзаност со телевизијата 24 Вести. Непотврдена е информацијата дека се истражува и тнр. двојно книговодство. Влезот на инспекторите е по барање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги , која  поведе  постапка за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација меѓу кабелската телевизија Роби и ТВ 24 Вести.
Медиумската концентрација ја потврди и самиот сопстевник на Телекабел, Роберт Димитров во видео  интревју. По ова интервју,  а по неколку претходни одбиени претставки, ААВМУ, конечно на седницата од 23-ти февруари, одлучи да поведе постапка со која ќе се испитува недозволената медиумска концентрација меѓу кабелската Роби и ТВ 24 Вести. Телевизијата е должна во рок од 45 дена од денот на приемот на одлуката да ги достави сите податоци од значење на одлучување на Агенцијата. Дали влегувањето на УЈП и финансиската полиција во телевизијата и кабелскиот оператот е во функција на утврдување на медиумската концентрација, ќе треба да покажат анализите од кои што е можне да произлезат и други сознанија , на пример прекршување на законите и по други основи.
ТВ 24 Вести на крајот од минатата година до ААВМУ имаше доставено барање за промена на сопственичката структура, но Агенцијата не дозволи таква промена. Според  образложението, одобрувањето ќе значи недозволена медиумска концентрација според членот 36 од законот и барањето беше одбиено.

Ја следеше афера со Шабан Шаулиќ, а сега брутално го понижи својот колега

0
0

Теа Таировиќ која кариерата ја започна во „Ѕвездите на Гранд“ беше топ тема во медиумите откако почнаа да шпекулираат околу нејзината наводна врска со еден од членовите на жирито.

Таа во неколку наврати ги негираше написите во врска со нејзината „врска“ со Шабан Шаулиќ, но масло на огнот беше дополнително долеано, кога таа веднаш потоа сними дует со него.

Во последно време, пак, босанските медиуми пишуваат за односот на пејачката и со Емир Аличковиќ, фронтменот на “Лапсус бенд”, но пејачот ги негираше овие тврдења, што ја поттикна реакцијата на Таировиќ.

– Можеби ќе звучам малку грубо, но Теа воопшто не ме привлекува. Ние сме само пријатели и тоа е тоа. Не знам што да кажам, освен што повремено се дружиме, изјави тој за еден од најпопуларните босански медиуми, по што ќе се огласи и самата Теа:

– На момчињата им паѓа тешко кога ќе бидат за*бани – кусо но, иронично ја прокоментирала целата ситуација младата пејачка.

Сити со победа против Челзи ја завери титулата

0
0

Со погодокот на Бернардо Силва по асистенцијата на Давид Силва , Манчестер Сити извојува минимална победа од 1-0 во дербито со Челзи во Премиер лигата. 

Со овие три бода „граѓаните“ имаат 18 недостижни бода на врвот на табелата во Англија.
Viewing all 45292 articles
Browse latest View live




Latest Images