Quantcast
Channel: Сител Телевизија
Viewing all 45575 articles
Browse latest View live

Дали после спиење на вашата перница има мало „вирче“ од плуканка- причината за тоа ќе ве изненади

$
0
0

Она што често знае да се случи е после спиење, на перницата да направиме мала „бара“ од плуканка, а на многу луѓе тоа многу често им се случува.

Еве што говори тоа за вашиот сон:

Обично оние кои се многу уморни и не спиени, на перницата прават вакво мало „вирче„ од плунка.

Оваа ситуација се случува кога сте многу уморни,  или ако сте имале проблем да заспиете, но исто така и дека не сте се разбудиле во текот на целата ноќ. Што значи дека сонот ви бил непрекинат.

Уште едно нешто што може на укажува на оваа појава е дека сте сонувале нешто убаво, и дека вашето расположение е добро, па обично после ваков сон се чувствувате одморено.

Ваква ситуација се случува понекогаш и кога не спиете, но сепак сте многу уморни.


Карачиќ: Нападот ни беше добар, но одбраната не функционираше

$
0
0
Ракометарите на европскиот првак Вардар со нерешен резултат на домашен терен 31:31 против Висла го завршија настапот во групата . „Црвено-црните“ одиграа тежок натпревар, а противникот во најголем дел од дуелот имаше водство. Вардар за првпат поведе во 38.минута, а предноста од три голови не можеа да ја сочуваат. Во последниот напад Стоилов, не успеа да реализира за триумф на својата екипа.
 
Игор Карачиќ имаше забележителен настап и постигна шест голови.
 
- Мора да кажам дека некако сите се навикнавме на секој натпревар нашите голмани да имаат 15-16 одбрани и тогаш е лесно да се победи. Денеска не беше така и затоа и вака заврши натпреварот. Нападот ни беше добар и ефикасен, но одбраната не беше како што треба. Што да се каже добро е што сме први во групата и што ќе можеме да „одмориме“ до четвртфиналето. Очекувам нашиот тренер во следниот период, како што беше тоа лани преку „мини подготовки“ да ја подигне формата на екипата за четвртфиналето. Сега не очекуваат и дуелите од СЕХА лигата што ќе ни овозможи да тренираме и да играме натпревари.
За денешниот ривал Висла, која пред две кола загуби минимално од Барселона, а водеше и во поголемиот дел од дуелот со РНЛ, карачиќ истакна:
- Висла е солиден состав, кој одигра добро и денеска како и на претходните дуели. Тоа е екипа што има одлични шутери, кои денеска имаа добар настап.ж
Вардар со оваа победа го потврди првото место во групата и директниот пласман во четвртфиналето, додека Висла и покрај освоениот бод остана без пласман во осминафиналето бидејќи Кристијанстад победи на гостувањето кај Загреб и има бод повеќе.

 

Вечерва средба Заев- Мицковски, централна тема се преговорите за името

$
0
0
Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 

Буфон со емотивна порака се прости од Астори: Твојата ќерка заслужува да го знае ова

$
0
0

Како гром од ведро небо пристигна информацијата за смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина во сон во хотел во Удине, каде што неговиот тим требаше да игра натпревар против Удинезе.

Поради смртта на Астори беа откажани сите натпревари во Серија А за да му се покаже почит.

Пораки за сочуство до семејството на Астори пристигнаа од сите страни, а една од најемотивните пораки ја напиша голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон.

„Здраво, мил Асто

Ретко пишувам вака јавно за некоја личност зашто секогаш сметав дека убавината и уникатноста на однос со некого не би требало на ваков начин да се покажува или да се фрла како храна на тие кои немаат чувства да почитуваат одредени врски.

Во твојот случај, чувствувам потреба да направам исклучок од моите принципи зашто имаш млада сопруга и членови на семејството, кои сега страдаат, а особено твојата ќерка која заслужува да знае дека нејзиниот татко во секоја смисла е СОВРШЕНА ЛИЧНОСТ… ГОЛЕМА СОВРШЕНА ЛИЧНОСТ.. беше најдобар приказ на светот, во кој вредностите како што се елеганцијата, едукацијата, образованието и почитта на другите беа темел на се.

Ти честитам навистина, беше еден од најдобрите спортисти кои сум ги сретнал.

Почивај во мир,

Твојот луд Џиџи.“

Путин: Никогаш нема да ги испорачаме Русите обвинети од САД

$
0
0

- Рускиот претседател Владимир Путин порача дека неговата земја никогаш нема да испорача ниту еден од 13-те Руси обвинети од САД за мешање во американските избори.

Русија „не ги испорачува своите граѓани", рече Путин, осврнувајќи се  на рускиот устав со кој се забранува екстрадиција на руски државјани во други држави.

Во изјава за Ен-Би-Си њуз, Путин рече дека 13-те Руси „не ја претставуваат руската држава"или руските власти, потенцирајќи дека „нема идеја"што направиле  тие.

Путин наведе дека властите на САД треба да обезбедат одредени податоци и дека Москва ќе биде подготвена да ги испита и да разговара за нив.

Руски медиуми вчера пренесоа делови од интервјуто на Путин на Ен-Би-Си, наведувајќи дека рускиот претседател рекол дека Русија мора прво да ги анализира доказите за вината на обвинети во САД за мешање во претседателските избори во 2016 година, и дека потоа ќе донесе независна одлука за тоа дали се виновни или не.

Вашингтон ја обвини Москва за мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, а истрагата за наводно мешање е во тек под покровителство на ФБИ, специјализирани комитети за разузнавање во американскиот Сенат и Претставничкиот дом, како и вработените на специјалниот обвинител Роберт Мјулер.

Претседателот на САД, Доналд Трамп во неколку наврати ги отфрли обвинувањата за заговор со руски делегати за време на изборната трка. 

Трагичната судбина на Давиде Астори- малата Виторија не стигна да го запамти својот татко

$
0
0
Давиде Астори, италијански репрезентативец и капитен на Фиорентина, утрово беше пронајде мртов во хотелска соба во Удине, пред екипата да замине на мечот со Удинезе, што предизвика вистински шок во фудбалскиот свет, не само во неговата земја, туку и пошироко.
 
стори пред 31 година е роден во Бергамо, каде играше за локалниот тим Пинтосоло, пред да премине во Милан во 2006-та година. Две години подоцна се пресели во Каљари, каде и се стекна со фудбалска слава, одигрувајќи 174 натпревари за истоимениот клуб, кога е и за првпат повикан во селекцијата на „аѕурите“, за мечот против Украина во 2011-та година.
 
Поради лојалноста кон Каљари, Астори одби да премие во московски Спартак за 15 милиони евра. Меѓутоа, заљубен во Италија, од 2013-та година и во две години постарата Франческа, која работеше како фото модел, Давиде Астори реши да не го менува работното место премногу драстично.
 
 
Рома сакаше да го откупи неговиот договор, но успеа да го добие само „на позајмица“ во 2014-та година. Ден пред неговиот перманентен трансфер во Рома, Астори отишол  кај раководството на Каљари и порачал: „Не би сакал да си одам од тука“. Ден пред „веќе виденото“ заминување во Рим, ја продолжи верноста кон клубот.
 
Нешто подоцна, Фиорентина успеа да го позајми, потоа и откупи, а тој започна да ужива во Фиренца, каде заедно со Франческа ја добиваат ќеркичката Виторија, која е родена пред година ипол, за разлика од информацијата за „трагичниот крај две недели откако станал татко“. Виторија е единственото дете на овој брачен пар.
 
Давиде Астори толку добро играше за Фиорентина, што си обезбеди сигурно место во италијанската репрезентација и стана капитен на „виолетовите“. Со капитенската лента на својата рака, Астори требаше да го поведе својот тим во 15 часот на мечот против Удинезе, но утрово во хотелската соба во Удине беше пронајде мртов, и тоа, според првичните информации, по срцев удар кој му се случил додека спиел.
 
-Не се појави на доручек, па го побаравме…“, раскажуваат со неверување неговите соиграчи, чиј меч веднаш е откажан, како и целото коло во Серија А, вклучувајќи го и миланското дерби меѓу Милан и Интер.
 
Но, не останаа во шок само во Фиорентина, чиј клупски директор веднаш се огласи дека сите фудбалери се редовно медицински контролирани, и тоа детално. Жалат за него и големите имиња на светскиот фудбал, како Џанлујџи Буфон, кој со заедничка фотографија порача „Чао, мил Асто“.

И нашиот Пандев се огласи по смртта на Астори

$
0
0
Фудбалскиот свет денес е завиен во црно по ненадејната смрт на капитенот на Фиорентина и член на репрезентацијата на Италија, Давиде Астори.
 
Поради трагедијата, денес сите натпревари во Серија А беа комплетно одложени, вклучувајќи ја и средбата помеѓу Џенова и Каљари која беше прва на програмата од 12:30 часот.
 
Голем дел од фудбалерите, клубовите и останатите спортски работници шокирани од смрта на Астори, се простуваат со последен поздрав и сочуство до семејството на фудбалерот, а меѓу нив е и нашиот Горан Пандев.
 
Капитенот на нашата репрезентација и член на Џенова преку „Инстаграм“ сподели фотографија од Давиде и напиша „РИП“ (Почивај во мир).
 

Битно е на колку години раѓате: Интелигентни деца се раѓаат во овие години

$
0
0

Лондонското училиште за економија се занимаваше со прашањето кога е најдобро да станете мајка.

Тоа истражување нуди своја верзија на „најдобар период“ и се поврзува со интелектуалните способности на децата.

Во истражувањето е опфатен развојот на 18.000 деца, и со анализата е утврдено дека златните години за мајчинство се триесеттите.

Зежите кои во четвртата деценија стануваат мајки раѓаат интелектуални деца, што јасно се покажа со тестовите за когнитивни способности. Студијата докажа дека оваа врска важи за мајките кои во триесеттите првпат раѓаат деца.

Поради што е тоа така?

– Тие се образовани, имаат поголеми примања, поголеми се шанските тогаш мајките да бидат во стабилна врска со партнерот за разлика од помладите, имаат поздрав начин на живот, се грижат за своето здравје на време и ја планираат својата бременост – објаснува познатата докторка Алис Гојсис за „Тајмс“.

На овој начин, со својата изјава докторката ја поврзува психичката стабилност на мајката со нејзиното новородено дете.


ЛШ: Вардар во четвртфиналето против Кил или Пик Сегед

$
0
0

Вардар и ПСЖ директно се пласираа во 1/4 финалето од ЛШ и сега ги очекуваат противниците кои ќе бидат познати по одигрувањето на осминафиналната фаза.

Осминафиналисти се: Монпеље, Барселона, Скјерн, Веспрем, Мешков Брест, Нант, Кристијанштад, Фленсбург, Пик Сегед, Кил, Келце и Р.Н.Левен.
 
Осминафинални двојки:
 
Монпеље – Барселона
Скјерн – Веспрем
Мешков Брест – Нант
Кристијанштад – Фленсбург
Пик Сегед – Кил
Келце – Р.Н.Левен
 
Четврт-финални двојки:
 
Пик Сегед/Кил – Вардар
Келце / РНЛ – ПСЖ
Кристијанштад / Фленсбург – Барселона/Монпеље
Мешков Брест / Нант – Скјерн/ Веспрем

Од полноќ ново поскапување на горивата

$
0
0

Дизелот поскапува за 1 денар, 98 октанскиот супер за половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС98 ќе се продава за половина денар поскапо и ќе чини 67,5 денари.

Цената на ЕРУОСУПЕР БС 95 не се менува и тој и натаму ќе се продава за 65,5 денари за еден литар.

За 1 денар од полноќ поскап ќе биде дизелот. Неговата нова цена ќе изнесува 58 денари за литар.

За зголемуваат и цените на мазутот и екстра лесното масло за домаќинство.

Ваквата корекција регулаторот ја правда со 2,2% повисока цена на нафтата и за 0,04% понизок курс на денарот во однос на доларот.

Средбата Трамп - Нетанјаху фокусирана на Амбасадата во Ерусалим

$
0
0

На денешната средба во Белата куќа помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп  и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најавено е дислоцирањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

- Нашиот народ тоа ќе го памти со векови, истакна Нетанјаху.

Трамп посочи дека ја разгледува можноста да го посети Израел кога ќе биде отворена Амбасадата на САД во Ерусалим.

Американскиот претседател во декември минатата година донесе одлука со која Ерусалим е признаен како главен град на Израел, што предизвика гнев и протести првенствено во муслиманските држави, но и ширум светот. 

Поранешен руски разузнувач затруен со „непозната супстанца“ во Велика Британија

$
0
0

Поранешниот руски разузнувач Сергеј Скрипал, кој живее во Велика Британија, се наоѓа во критична состојба откако бил во допир со „непозната супстанца“.

Како што јави Би-Би-Си, труењето на 66-годишниот Скрипал се случило во трговски центар во местото Салисбери во областа Вилтшир во југозападна Англија.

Заедно со Скрипал била затруена е една жена, но полицијата не го соопшти нејзиниот идентитет.   

Скрипал е пензиониран полковник на руската разузнавачка служба. Тој во 2006 година во Русија беше осуден на 13 години затвор под обвиннеие за шпионажа во корист на Велика Британија. Во 2010 година беше разменет за руски шпиони, по што доби азил во Велика Британија.

Сергеј Скрипал

Ова е втор случај на труење на поранешен руски агент во Велика Британија. Во 2006 година на 43-годишна возраст во Лондон почина поранешниот руски разузнувач Александар Литвиненко, откако беше затруен со радиоактивен полониум. Литвиенко пребега од Русија во Велика Британија, по што стана еден од главните критичар на Кремљ.

Британските власти за смртта на Литвиненко ги обвинија Русите, Андреј Луговој и Димитриј Ковтун, кои ги отфраат обвинувањата и негираат дека го убиле.

Орбан против „Соединети европски држави“

$
0
0

Формирање на „Соединети европски држави“ еднакво е на претворање на регионот во „континент за имигранти, вклучувајќи ја и Унгарија како нивна дестинација“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој, во својот говор пред Унгарската академија на науките во Будимпешта, предупреди дека има обиди за намалување на надлежностите на земјите-членки на Европска унија со цел да се изгради „Соединети европски држави“.

Орбан тврди дека Европска комисија „отворено се прогласила за политичко тело“.

- Откажувањето на ЕК од непристрасноста ќе ја наруши соработката во ЕУ и со тоа би се институционализирале двојните стандарди, што би одело во прилог на поголемите земји, а на штета на помалите членки. Откажувањето од принципот дека ЕК е чувар на договорот ќе ги поткопа темелите на европските институции, наведе Орбан.

Инцидент во авион: Се соблекол гол и мастурбирал, а потоа нападнал стјуардеса

$
0
0

Патник, кој се соблекол гол и мастурбирал, на лет од Малезија до Бангладеш нападнал стјуардеса и ги вознемирувал останатите патници, по што морал да интервенираат членови на екипажот и да го заврзат.

Дваесетгодишниот патник веднаш по полетувањето од Куала Лумпур се возбудил, откако почнал да гледа порно филмови веднаш по влегувањето во авионот.

Подоцна на пат до тоалетот тој се обидел да нападне стјуардеса.

Авиокомпанијата „Малиндо ер“ соопшти дека имало инцидент со патник, но дека екипажот реагирала според стандардната процедура.

Сликите од врзаниот маж, за кого било утврдено дека студира во Малезија, се појавија на социјалните мрежи. А по слетувањето обезбедувањето го спровело во полициска станица.

Раде Шербеџија одби да го игра Адем Јашари

$
0
0

Косовскиот режисер и сценарист Луан Криезиу, кој подготвува филм за командантот на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Адем Јашари, меѓу предлозите за оваа улога го имал во вид и актерот Раде Шербеџија.

Како што наведуваат косовските медиуми, Криезиу стапил во контакт со Шербеџија преку косовскиот актер Енвер Петровци.

Шербеџија ја одбил улогата за Адем Јашари со образложение дека „ако ја прифати тогаш цел свет ќе го признае Адем Јашари“.


Пентагон времено ги прекинува операциите против ИД

$
0
0

Американското Министерство за одбрана денеска соопшти дека времено ги прекинува офанзивните опрации против џихадистичката група Исламска држва (ИД) во источниот дел на Сирија, 

Портпаролот на Пентагон, Роб Менинг информира дека оваа „оперативна пауза“ е прогласена затоа што курдските борци, кои ги поддржуваат САД, започнале борба против турските сили.

- Иако операциите на терен времено се стопирани во долината на реката Еуфрат во близина на границата на Сирија со Ирак, американските воздушни напади врз упориштата на ИД продолжуваат, нагласи Менинг. 

Тој информира дека припадниците на Силите за заштита на народот на сириските Курди, кои како дел од коалицијата Сириски демократски сили со поддршка на САД се бореа против борците на ИД во долината на Еуфрат, спротивно на желбата на Вашингтон, преминале во реонот на Африн во северозападна Сирија.

Турската армија заедно со сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Анкара, на 20 јануари ја почна оперцијата „Маслиново гранче“ против Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн, со цел да ги потисне нивните борци од реоните долж сириската граница кон Турција. 

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автиномија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Берлускони подготвен за формирање влада на десниот центар

$
0
0

Поранешниот италијански премиер и лидер на конзервативната партија Форца Италија (ФИ), Силвио Белускони вечерва соопшти дека е подготвен да учествува во формирањето на нова влада на Италија на коалицијата на десниот центар.  

Ваквата изјава Берлускони ја даде по средбата со лидерот на десничарската и антиимигрантска партија Лига, Матео Салвини, која заедно со неговата ФИ и уште две други партии беше дел од десноцентристичката коалиција на вчерашните парламентарни избори.  

Берлускони до 2019 година има забрана за извршување на премиеската функција, затоа што е осуден за даночни затајувања, па уште минатата недела за кандидат за премиер на ФИ го предложи актуелниот претседател на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

Меѓутоа, согласно меѓукоалицскиот предизборен договор, во случај на победа на десноцентристичлката коалиција на изборите, кандидатот за премиер треба да го номинира партијата меѓу членките на блокот што ќе освои најмногу гласови.

Берлускони и Салвини

На вчерашните избори Лигата на Салвини освои 17,4 отсто од гласовите, ФИ 14,03, а другите две партии во коалицијата - националистичката Браќа на Италија и демохристијанскиот блок Ние за Италија (НЦИ) освоија 4,35, односно 1,31 проценти од гласовите.

Десноцентристичката коалиција предводена од Лигата и ФИ вкупно освои 37 проценти од гласовите и ќе биде најголем блок во Парламнетот, но нема мнозинство за самостојно формирање влада.

Најбројна партија во Парламентот ќе биде антиинституцианалното популистичко Движење Пет Ѕвезди (М5С), кое освои 32,67 отсто од гласовите, а трета по големина ќе биде коалицијата на левиот центар предводена од Демократската партија (ПД) со освоени 22,85 проценти. 

Лидерот на ПД, Матео Ренци, кој по вчерашниот изборен пораз денеска поднесе оставка на лидерксата функција, најави дека коалицијата на левиот центар има намера да биде опозиција во новиот Парламент и не планира да учествува во идната Влада.

Доколку ПД остане на ваквиот став, единствена можност на десноцентристичкиот блок за формирање мнозинска влада е коалиција со М5С.

Извори во Брисел уште пред изборите најавуваа дека европските лидери вршат притисок врз Ренци и Берлускони за формирање постизборна проевроспка „голема коалиција“ од која би биле исклучени евроскпетичните и антиимигрантски партии. 

Делови во Албанија поплавени откако властите ги отворија вентилите на хидроцентралите

$
0
0

Делови од северозападна Албанија се поплавени откако надлежните дозволија да бидат отворени вентилите на браните на трите хидроцентрали на каскадата на реката Дрим.

Како што јави дописникот на МИА, ваквата одлука е донесена со цел да се ослободи вишокот вода од акумулациите за да се заштитат браните од пукање.

Албанското Министерство за одбрана потврди дека под вода се над илјада хектари земјиште и дека вонредни тимови се испраќаат за помош на поплавенте.

Трите хидроцентрали на каскадата на реката Дрим - Фиерза, која е втора по големина на Балканот, Коман и Вау те Дејес работат со максимален капацитет, поради преполните акумулаци по наглото топење на снегот и обилните дождови.

На патот до селото Обот во регионот на Скадар има над 30 сантметри вода, а два моста во ова подрачје се оштетени.

Според метереолозите, врнежите ќе продолжат и во наредните денови, поради што постои опасност од проширување на поплавените подрачја.

Шилегов ги прекрсти скопските фестивали „Виноскоп“, „Пиволенд“ и „Баскерфест“- еве како ќе се викаат

$
0
0

На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје е донесена одлука за промена на имиња на традиционалните манифестации.

Со оваа одлука „Фестивал на виното Вино – Скоп 2018“ се преименува во „Вински фестивал“, проектот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ ќе се вика „Пивски фестивал“, а познатиот „Баскерфест“ е преименуван во „Организирање на манифестација со улични изведувачи“.

Градоначалникот Петре Шилегов појасни дека новите називи биле неопходни заради усогласување на називите на проектите во програмата со називите на проектите во Буџетот на Град Скопје за 2018 година.

ЛШ: Реал победи и во Париз

$
0
0

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа и на гостувањето во Париз против ПСЖ и тоа со 2-1 со што со вкупни 5-2 го елиминираа францускиот гигант од Лигата на шампионите.
По јаловото прво полувреме Реал го отвори резултатот во вториот дел со погодокот на Роналдо.
Кавани во 71м донесе израмнување за домашните кои настапија без Нејмар но Каземира ја потврди класата на Шпанците и во 80м ја запечати судбината на еден од најбогатите клубови на планетата.

https://
Фото за вовед: 
Категорија: 
Viewing all 45575 articles
Browse latest View live




Latest Images

МУРТИ И КУРТИ

МУРТИ И КУРТИ